Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
А што било со Де ла Ред, не го фатив јас тоа? Видов дека Де ла Ред треба да биде во прв состав, ама кога пуштив 20 минута го немаше...Што се десило?
 
Доаѓа до израз враќањето на Марадона...еве го Де ла Ред славејки вчера, земал повеке бело и ене денес паднал внесвест на терено.
Срека без последици.

Може ли да ми ја објасниш поврзаноста помеѓу Де Ла Ред и Марадона???
Или важно да се јаде гомна за реал...

Едит: Добар бил Рубен, коментаторот кажа дека дошол при свест и добро се чувствувал.
 
аииии срамота сме изгубиле:tapp::kesa::kesa::kesa:
 
аииии срамота сме изгубиле:tapp::kesa::kesa::kesa:
Никаква срамота, ништо страшно еден обичен МОЧАН куп кој е наменет за второлигашите.
Немојте да се замарате со куповите, посебно шпанските? Гледајте таму да не изгубите во Лигата инаку за купот мислам дека е многу понастрана од ЛШ и Лигата во Шпанија.

Инаку шо била работата со Де Ла Ред !?!?!?
 
Никаква срамота, ништо страшно еден обичен МОЧАН куп кој е наменет за второлигашите.
Немојте да се замарате со куповите, посебно шпанските? Гледајте таму да не изгубите во Лигата инаку за купот мислам дека е многу понастрана од ЛШ и Лигата во Шпанија.

го немаме освоено од 93та :kesa:
 
Добро јутро џезери :)
 
Абе за оваа утакмица на судии ако се вадиме :)
Тоа е што е, втор состав, без посебен мотив, се гледаме на бернабе.


Види вака.
Ми се допаѓа што секогаш го браниш клубот и играчите како негов составен дел , ама ред е да се признаат слабостите ако постојат.
Болдираниот текст погоре не ти држи вода.
Целата поента на ставање на вториот тим , е воедно и давање шанса за нивно докажување и подоцна и наметнување во првиот состав.
А ние што видовме? Оној Мецладер и Хајнце , ја не би ги ставил повеќе никогаш да заиграат.Дури и во случај , Реал да мора со Хоризонт Турново да игра.Не.Крај.
Да не идам од играч до играч да ги скенирам.
Самиот факт дека си член на Реал Мадрид , треба да е доволен , и да дава уверување дека секој играч во белиот дрес мора да е спремен една Барселона , еден Манчестер , еден Интер да тепа , а не да се мачат со колку и да е мотивирана екипа на некојси второлигаш.
Срамотилоци.
Знам дека има реванш и знам дека Реал ќе иде понатаму (па нели пораз од 3-2 во гости е одличен резултат?), сепак резилот е веќе направен.
А некој од членовиве на форумов , погоре се смееше на високата квота за "кец".
Јас па , "нула" ја ставив ...наивен.

P.S.

И ќе ве замолам повеќе да не ја бараме грешката во судиите.
Убаво рече Гвардиола; На екипи како Реал и Барселона не им е дозволено да се жалат на судиите.
 
@Sonceto
Не можеш да судиш за слабостите на ваков безначаен натпревар. Мотивот е клучен за победа, вчера не верувам дека го имало.
 
@Sonceto
Не можеш да судиш за слабостите на ваков безначаен натпревар. Мотивот е клучен за победа, вчера не верувам дека го имало.

Дечко јас пак ќе кажам.Браво за сесрдната подршка.Само напред.
Ама да не се лажеме тука сега меѓу нас , ако?
Реал ги пратам подолго од што си ти жив (ако е точно дека си 17 год.) - ова без никаква навреда. Муабетот ми е дека знаат да бидат максимални "ситни души" на вакви натпревари.Не им е прв пат.
Недостаток на мотив? Ај нека ти биде. Ама пак ќе ти кажам.Составот што беше изведен и те како требаше да има мотив! Реал е голем клуб , и нема многу ни време , ни начини на кои би им овозможил на "второтимците" да се наметнат.Оваа е таа шанса.Повеќето ја прокоцкаа многу срамно.А и ова не ми е јасно нешто.Па човече , играа со третолигаш.Ако си стигнал да играш во Реал , значи си несомнено квалитетен.Доволно квалитетен и со 0% мотив да здробиш просечен третолигаш.
Туку работата е дека нешто не штима во тимов.
Поради Роналдо летото , неможеа да направат квалитетен избор - промашен фокус. Само полека , иде зимски преоден рок , пола од боранијата на клоци надвор.
Всушност што ја ќе ти кажувам , прочитај и сам што изјави Шустер за вчерашниот натпревар и залагањето.
 
Во право си бе Sonceto, нема што сега...Кажав вчера во последниот мој пост, судиите не осакатија и тоа многу, ама ако сме стигнале да се ваѓаме на судии против едни третолигаши...што бараме ние во ЛШ?! А и составот не беше некој слаб, Дудек, Метцелдер, Хајнце, Салгадо, Марсело, Диара, Де ла Ред (ај немора да се брои Де ла Ред зошто играше само 11 мин), Гути, Игуаин, Савиола и Дренте. Во второ полувреме влезе и Снајдер. Па добро бре, ова не е состав за потценување, точно дека не добиваат сите шанса и дека не се во најдобра форма, ама ова не смее да им се случи, СРАМОТА! Па пола од овие играат за своите репрезентации бе, не е проблемот во судиите (иако во последниве 3 утакмици ни имаат поништено 6 чисти гола, после Атлетик и Мијатовиќ реагираше на тоа), сепак нема оправдување за резултатов вчера. СРАМОТА! Одбраната ни е швајцарско сирење, во овие 10тина утакмици до сега, примивме голови колку лани цела сезона што имавме примено. Овој Хајнце незнам што му е, ајде Метцелдер го сфаќам, 2 месеци беше повреден и ова му е прва утакмица после повредата, ама Хајнце...неможем да го разберем. Добро кажа Сонцето, иде јануари и треба една добра чистка на лигушите кои седат само пари да земаат, ништо друго...
 
Да ве потсетам дека со лигушите освојуваме две години по ред. Избрзувате со зборовиве, ќе помине време, ќе го смените мислењето.
 
Да ве потсетам дека со лигушите освојуваме две години по ред. Избрзувате со зборовиве, ќе помине време, ќе го смените мислењето.


Не не, погрешно сфаќаш. Резултатот вчера што е срамота срамота е, нема друго што да се каже (освен ако не е играна за кладилници). Второ, составот не ни беше ниту малку слаб, како што реков пола од нив играат за репрезентации, за разлика од противникот кој...Во секој случај се случуваат вакви резултати, но сепак е СРАМОТА! Еден Реал Мадрид да си дозволи со ваков тим да изгуби од третолигаш, или четвртолигаш незнам што се, тоа е срамота бе. Мора да се признае, може е ова само еден кризен период за одбраната, ќе покаже времето да се надеваме дека е само кризен период. Ама ако се продолжи барем до јануари вака во одбраната...мора нешто да се менува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom