Во право си бе Sonceto, нема што сега...Кажав вчера во последниот мој пост, судиите не осакатија и тоа многу, ама ако сме стигнале да се ваѓаме на судии против едни третолигаши...што бараме ние во ЛШ?! А и составот не беше некој слаб, Дудек, Метцелдер, Хајнце, Салгадо, Марсело, Диара, Де ла Ред (ај немора да се брои Де ла Ред зошто играше само 11 мин), Гути, Игуаин, Савиола и Дренте. Во второ полувреме влезе и Снајдер. Па добро бре, ова не е состав за потценување, точно дека не добиваат сите шанса и дека не се во најдобра форма, ама ова не смее да им се случи, СРАМОТА! Па пола од овие играат за своите репрезентации бе, не е проблемот во судиите (иако во последниве 3 утакмици ни имаат поништено 6 чисти гола, после Атлетик и Мијатовиќ реагираше на тоа), сепак нема оправдување за резултатов вчера. СРАМОТА! Одбраната ни е швајцарско сирење, во овие 10тина утакмици до сега, примивме голови колку лани цела сезона што имавме примено. Овој Хајнце незнам што му е, ајде Метцелдер го сфаќам, 2 месеци беше повреден и ова му е прва утакмица после повредата, ама Хајнце...неможем да го разберем. Добро кажа Сонцето, иде јануари и треба една добра чистка на лигушите кои седат само пари да земаат, ништо друго...