Реал се откажа од Роналдо
30.05.2008 Кристијано Роналдо
Претседателот на фудбалскиот клуб Реал од Мадрид, Рамос Калдерон, призна денеска дека неговата екипа ја загубила битката за да го доведе Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед.
„Не можете да го купите тоа што сопственикот не сака да го продаде. Жал ми е што во Манчестер се вознемирија од нашиот интерес за Роналдо. Реал и Манчестер од секогаш имаа коректни односи“, изјави Калдерон за шпанска „Марка“.
Калдерон потврди дека Реал нема да проба да влијае на Роналдо да го раскине договорот со англискиот и европскиот првак.
„Сакам јасно да им порачам дека не сакаме да почнеме конфликт. Ако не сакаат да го продадат, ние нема да инсистираме“, истакна Калдерон.
Кристијано Роналдо во оваа сезона постигна 42 гола за Манчестер во натпреварувањата каде што настапуваше - Премиер лигата, Лигата на шампионите, Лига купот и ФА купот.