еј малку покасно пишам ама нема везе. морам да кажам нашите Холанѓани (Шнајдер, РВН, Робен) каква игра прикажуваат, секоја чест. само да продолжат така и да не ни се повредат. страшно, прекрасни голови на Робен и на Шнајдер. Инаку Рамос некако не е на потребното ниво, ама ај се случува тоа. инаку Метцелдер игра убаво за Германциве, ме изненадува, се надевам дека ќе се врати во голема форма во Реал, и така сега Канаваро неможе да игра.
Инаку прочитав дека Манчестер има понуда до Рамос. А нашите понуда од 90 милони за Роналдо дирекно ќе ја пратат до Глазер, газдите на Манчестер, само и само да го избегнат Фергусон.
Незнам шо толку се запнале, јес да е најдобар, ама и онака ни е супер составот, само едно напаѓаџиште да земиме и толку, останува да се уиграваме.