Јасно е дека напаѓач секако ќе купиме, ако се бира меѓу Виља и Хунтелар овој првиот е мој фаворит, брзо, снаодливо човече е Давид, потсеќа на Раул во најдобрите времиња, е добро де може малку побрз е
Секако и Хунтелар да се набаве нема да се бунам, ќе си дојде кај Руд на специјализација и за две сезони слободно би можел да превземе контрола у напад.
Средината и вака ми се допаѓа, Гаго/Диара, Снајдер, Гути, Робен/Робињо, убаво газевме на крајот со оваа четворка, покажаа дека може да се игра и без класично десно крило, и тоа доста добро играа.
За дефанзива у средина веќе имаме по 2 квалитетни играчи, крила имаме 3 со Дренте а користиме само едно така да не знам зошто толку се палите на Кварезма.
Хави Гарсија мислам дека сигурно се враќа, веројатно Баптиста ќе си оди да ослободи место за него, и Де Ла Ред е скоро сигурен стар нов Мадридиста, се надевам дека и Гранеро ќе го вратат, нај ми прави мерак од сите овие тројца.
Одбраната не ја чепкајте супер е вака, со добри летни подготовки уште толку ќе се уиграат и коска сме догодина, па и Гарај ќе ни се укличи у екипата така да не се замарајте за одбраната, не ни требаат нови дефанзивци.
Ај толку од мене, нека му ја мисли Пеџа подетално, кој и да го земе верувам дека нема да згреше.
