Г
Грејвдигер
Гостин
Пепе и Балбоа со боксови на тренингот на Реал (М) 10.11.2007.Централниот дефанзивец Пепе и десниот бек Хавиер Балбоа од екипата на Реал (М), се степаа за време на вечерниот тренинг на „кралевите“ вчера. Веста ја пренесе радио „Марка“ од нивни извори.![]()
Имено, при еден сериозен старт на Пепе врз Балбоа и двајцата си размениле по неколку удари, по што Пепе го напуштил тренингот со раскрвавено лице. Фудбалерите на Реал (М) успеале навреме да реагираат и да ги раздвојат двајцата за да не дојде до посериозен инцидент. Засега нема официјална информација од клубот, но шпанските весници чекаат денеска или утре управата на кралскиот клуб да им изрече казна и на двајцата, поради непочитување на клупските прописи и направениот скандал.
balboa treba da se napade od real madrid
другарски поздрав
