Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Пепе за Претседател!!!

21190_hp.jpg


:ojea:
 
Брат невикам дека немаа добра екипа али неможе бе на секоја утакмица пенал да има за нив.. ај објасними како е ова можно ??


На 31 утакмица до сега во Примера за Барселона судиите имаат досудено 8 пенала. Па сеа ти види кај ти се тебе тие 90% од утакмиците со пенали.
 
Брат невикам дека немаа добра екипа али неможе бе на секоја утакмица пенал да има за нив.. ај објасними како е ова можно ??

Брат на секоја утакмица нема пенали, еве оди на www.fcbarcelona.com барај статистики од оваа сезона.

Факт е дека и судиите грешат, некојпат грешат во наша корист, некојпат грешат во корист на противникот. Нормално е тоа, луѓе се и тие.

А за на секоја утакмица пенал грешка си, нека има досудено 7-8 пенали за Барса годинава .. повеќе тешко.
 
Судиите во Шпанија општо се срање, за сите не само за Барса или за Реал.

Претеруваш со ова светлосни години, да не почнувам со статистики повторно. Види ја втората половина од сезоната на Реал, и двата клуба играат одлично сезонава. Фрустрирачки ќе биде со толку освоени бодови некој од овие два клуба да не земе титула.

Светлосни години во поглед на играта што ја прикажува Барселона, не за освоените бодови.
 
На 31 утакмица до сега во Примера за Барселона судиите имаат досудено 8 пенала. Па сеа ти види кај ти се тебе тие 90% од утакмиците со пенали.

А за реал колку пенали има досудено оваа сезона?? а колку против
 
Брејкинг њуз... Канаваро не е повреден, тактичка измена на сењор Хуанде :helou:
 
па појќе од очигчедно дека со сила ве праа шампиони на секој натпревар има пенал за вас од тие пенали 90 % се непостоечки ете тоа важи

Друже очигледно дека не си гледал ниту една утакмица на Барса оваа сезона.
 
Ќе му бапнат казна од 4-5 меча можеби и повеќе,ќе го удрат по џебот со некое иљадарче :pos2:,па ќе излезе у јавност со големо извинување и ајдееее за некое време оп па ќе игра...така е тоа...:helou:
АПсолутно си во Право !!! а иначе кога го дадоа третиот гол Реал, незнам, Хуанде прв пат да го видам така да се радува,ко тогаш, таму реал 5-0 водат Марсело(гол дае) напраи салто коа се израдува сите рипаат Хуанде го гледа таков Марсело -.- , ко да губат 6-0 па марсело се радуе :)
 
Само Гонзало:back: знае каде се претплатува за 45+/90+ :pos:
 
Брат невикам дека немаа добра екипа али неможе бе на секоја утакмица пенал да има за нив.. ај објасними како е ова можно ??

Добро бе од кај го извади податоков дека на секоја утакмица имало пенал. За Барса годинава имаше 8-9 пенали. А и без тоа 80% од утакмциите Барса ги тепаше со 2-3 гола разлика. Така да стварно е глупо за оваа година да се вадите на судии.
 
Светлосни години во поглед на играта што ја прикажува Барселона, не за освоените бодови.

Доколку се случи чудо добрата игра на барса сите ќе ја заборават a ќе биде запамeтен кој е REAL MADRID :pos2:

Добро бе од кај го извади податоков дека на секоја утакмица имало пенал. За Барса годинава имаше 8-9 пенали. А и без тоа 80% од утакмциите Барса ги тепаше со 2-3 гола разлика. Така да стварно е глупо за оваа година да се вадите на судии.

За судиски грешки реал на почеток од сезоната беше скоро на секоја утакмица оштетен ама ни судиите не можат да го прегазат MADRID :nenene::pos:
 
Денешниов натпревар го покажа вистинскиот дух на Реал Мадрид.
Ваквите натпревари го прават секој навивач на Реал , горд ... до коска!
После вакви борби , со десеткуван состав , со "never give up" пристап , за еден месец Барса и да ја освои титулата со подигната глава ќе може секој навивач на Реал да им ја честита титулата.


Е сега Пепе. На човекот дефинитивно му прегореа бушоните. Не сакам да го бранам , но ја разбирам неговата жолчна (да не речам ѕверска) реакција. Само 2-3 минути пред тоа , судијата можеше да покаже на белата точка по стартот врз Гонзало.Ама , не пенал , туку жолт картон.Ок. Пеналот за Гетафе , најреално и не требаше да се суди. Или пак требаше , ако Пепе е некоја стварно страшно силна људина, бидејќи со самото поставување на дланката (не гурање со цела рака од лакт или рамо), играчот на Гетафе летна како да му залепи клоца. Фрустрацијата беше огромна , но начинот на изразување на истата - катастрофален.

Што се однесува до Пепе , уште една работа. Незнам дали сте приметиле (еднаш пишував за тоа) , ама човеков кога игра за Реал се однесува како да игра за некој клуб од регион или селска македонска лига, на домашен терен. Квалитетот негов е огромен.Да не се разбереме погрешно.Неговиот пристап е лош.
Во дуелите , посебно кога играат на Сантијаго Бернабеу, Пепе иде као у стилу "кур ме боли , кај смее овој мене да ми даде уште eден жут или па не дај Боже црвен ... за пенал па да не мислам воопшто"
Мислам , разбирам бескомпромисност и се , ама алоооооо кога некој ти се мота во 16-тник , не му идеш директно во нозе да го пресечеш.
Малце треба да уклучи тоа главата што ја има на рамења и да подразмисли.

За шансите за титула , морам да признаам дека се стварно мали. Единствено ако Барселона подклекне значително во овој за нив ептен тежок период, па на некој начин да ни ја одстапи титулата. Пошто , би сакал да верувам дека ние од наредните 4 натпревари ќе земеме максимален број на бодови , ама реално со играчите што останаа на располагање , тешко е изводливо.
 
Одбранбениот играч на Реал Мадрид, Пепе, може да биде суспендиран на шест натпревари поради агресивниот испад и прекржување на правилата на натпреварот против Гетафе во вторникот, за што судиите посебно го известија Шпанскиот фудбалски сојуз...
Три минути пред крајот и при резултат 2:2 на натпреварот помеѓу Реал и Гетафе, при напад на Гетафе, Пепе го турна Гаскеро, а овој лежејки на теренот заработи и два удара од Пепе во телото, а во нередот кој настана потоа тоа, Пепе го удри и Хуан Албин по лице, за што Португалецот доби црвен картон.
Натпреварот Реал го доби со 3:2 со голот на Гонзало Игуаин во судиското продолжение, а Пепе, при напуштањето на теренот го навредил и четвртиот судија. Освен тоа, Пепе ги прекрши правилата на игра кога по постигнувањето на победничкиот гол на Игуан, влегол на теренот и заедно го прославил со својте соиграчи.
Пепе по завршувањето на натпреварот се извини за своето однесување, и сигурно е дека ке го пропушти следниот натпревар против Севиља, но може да добие и суспензија и за големото дерби против Барселона за десет дена.
Но, дисциплинската комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз до крајот на оваа недела ке одлучи дали и колкава ке биде дополнителната суспензијата на Пепе, а се споменува казна од шест првенствени натпревари.
Претседателот на Гетафе, Ангел Торес, изјави дека се надева суспензијата на Пепе ке изнесува десет натпревари.

извор: www.sportdenes.com


Шо убаво со хајнце, канаваро на класико...мх мх
 
како тоа некои повеќе време минувате во фан клуб Реал отколку во вашите фан клубови
 
како тоа некои повеќе време минувате во фан клуб Реал отколку во вашите фан клубови
Кој бе повеќе време никој од фан клуб:Барселона ви немаше пишано 2 месеци,додека не почна Иван во фан клуб:Барселона.
За натпреварот 100% беше наместен него ајде така играте вие.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom