Сосема заслужена титула на Реал!
Ова е секако еден од најголемите моменти на Кралскиот клуб бидејќи успеаја да се вратат од мртвите, по неколкуте врзани порази на домашен терен. Атмосферата беше катастрофална, играта на распаѓање, но управата го направи најдобриот можен потег (у тој момент) застанувајќи зад Фабио Капело. Тој истиот Капело возврати со титула!
Но немојте погрешно да ме сватите, го пратам Реал сигурно 25 години наназад, игравме и поубаво, и полепршаво, и поефикасно, но ваков камбек и у резултатска и у играчка смисла не памтам. Капело и неговиот тренерски стил не ми беа особено симпатични ниту приликум неговиот прв тренерски мандат, коа по многу години ја врати Европската титула у нашите витрини, но оваа екипа покажа неверојатен карактер! Особено во пследните 3 меча кога се враќавме од мртвите!
Останува жал само што една особено талентирана генерација предводена од Зидан, Бекам и Луис Фиго не освои повеќе трофеи. И последниот автентичен "Галактичар", Дејвид Бекам (мора да се признае дека капитенот Раул сепак не припаѓа на таа класа фудбалери) си заминува од клубот, но за среќа со крената глава!
Сепак, и покрај славјето за титулата, остануваат многу отворени прашања врзани со евентуалните засилувања (и заминувања) следната сезона. Се кладам дека и Реал и Барса нема да имаат повеќе од 5-6 играчи од сегашните стартни 11 следната сезона. Време е за големата селидба, и мислам дека не очекува извонредно интересен преоден рок летоска!
Campeone, Campeone, o le,o le, o leeeeeeeeeeeee!!!