Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
А чекај што ќе му е такво ауди.Сигурно веќе има такво.:vozbud:
 
Нема да понуди 2 такви коли! Роналдо останува и .
И како сакате да реагира Фергусон кога сте досадни како мува на гомно?
Па има разлика помеѓу Реал и медиумите. И Роналдо е сам крив, се изјаснил до сега што сака? Не, срамота е Фергусон така да збори, никој директно не рекол нешто за Роналдо, се е преку медиумите
 
Роналдо вели дека сон му е да заигра за Реал, но сега сакал да остани во Манчестер.
Чим вели дека негов сон е да игра во Реал норамлно ќе има шпекулации, па и Реал ќе се обидува да го донесе.

Туку, шо е работава со Робињо?
Многу шпекулации кажани и лично од него...
 
Дилемата на Реал е дали да му понудат голем договор на Робињо или да го продадат за јаки пари (30-35 милиони), или да го трампаат.
Е сега, неќат да му дадат ТОЛКУ ГОЛЕМ договор, зошто на истата позиција им игра Робен (кој допрва треба да се докаже во Реал). Ама од друга страна Робен може да игра и десно крило и да се укомпонираат.
Затоа тука е умешан Роналдо (од медиумите) кој по придрода е десно крило, но може да смени позиција исто како Робен, па тој е логичната цел на шпекулации.
Според мене Роналдо (кого многу го почитувам како фудбалер, иако е говнар), во текот на летниот преоден рок и нареднава сезона НЕ СМЕЕ да дојде во Реал. Не смеат да си дозволат, победнички тим да растурат со ѕвезди (како што направија на почеток на веков) кои играат само за пари и слава, а не за победа.
 
Точно и јас не сакам да дојде роналдо о д проста причина зошто ќе се натрупаат ѕвезди како пред неколку години и ќе проппадне реал.А реал не смее да си го дозволи тоа зошто главна цел е да освои лига на шампиони а не да носи ѕвезди кои ќе играат за пари.
 
Вчера ја читав колумнава. Алал му вера на типов, поасално нешто немам прочитано од кога ја завршив Dune (Franck Herbert) :).

П.С. Мене Карваљо не ми смета, само место Дрогба, го сакам Хунтелар!
 
Не бе, каков Карваљо не ебавај. Не ни треба играч како него. Ете го зедовме Гарај, за 2 сезони можеме да сметаме и на него. Имаме одбранбени, да не го забораваме Метцелдер, топ играч...само немаше среќа со повредите годинава. Од наредна може сериозно да смета на него Шустер.
 
Карваљо е супер бе, со Пепе лом ќе праат. Колумната е супер како и секоја напишана од Даре. Иначе на сајтот на Марка прочитав коментари дека ова со Роналдо е всушност само залажување од Реал, а вистинската цел е Кака. Интересно
 
Карваљо е супер бе, со Пепе лом ќе праат. Колумната е супер како и секоја напишана од Даре. Иначе на сајтот на Марка прочитав коментари дека ова со Роналдо е всушност само залажување од Реал, а вистинската цел е Кака. Интересно
Алелуја!
 
Многу интересно размислување, јас искрено се обидувам да останам имун на целата оваа сага околу Роналдо и се надевам дека што побрзо ќе заврши, исходот каков и да биде ќе бидам пресреќен доколку е во корист на Реал, е сеа дали со или без Роналдо останува да видиме.

Јас лично не сум за толку големи промени (доаѓање на Роналдо), мислам дека конечно имаме еден компактен состав кој со 2-3 промени би делувал уште по убиствено, еден племејкер и еден напаѓач и на коњот сме :).
Не сакам да наведувам имиња за евентуални засилувања оти секоја втора будала стана потенцијален играч на Реал во претходните неколку месеци, а уште потрагично е што допрва следуваат бурите од шпекулации, нормално иницирани од АС, Марка и компанија. :)

За Карваљо, ѕвер играч, се надевам дека ќе го донесат, ќе ни требаат повеќе дефанзивци следната сезона ако планираме да одиме подалеку во ЛШ, суспензиите и повредите ќе бидат доста присутни како и секогаш и ќе се осеќам многу покомотно знаејќи дека имаме стабилен играч кој може да влезе од клупа и квалитетно да покрие, нормално тука се и ротациите во зависност од противникот, така да мислам дека ништо лошо не може да донесе ваквиот евентуален трансфер.
 
Реал, како спортска организација, е неверојатно развиена машинерија. Не ме чуди и да е параван то со Роналдо...
 
neznam so tolku go sakaat ronaldo i on e od krv i od meso ke se ispuka kako ronaldinho i tolku posle za dzabe parite ojdele

neka si go zemat huntelar i quarezma i eden desen bek zamena za ramos koga ke e suspendiran i ke bideme sampioni.
 
Forget Дрогба, не ни треба, тој секако оди кај татко му (мурињо:)) веројатно во интер...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom