Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Дали приметивте разлика во славјето на ветераните и новите копиљи :D
Бензема се понашаше ко да сме тепале со Леванте 4то коло во Ла Лига, ебати Бабуката од најхејтан играч до ФАКИНГ ЗЛАТНА ТОПКА, прв пат топ стрелец во Ла Лига и прв пат топ стрелец во ЛШ - секоја чест!
Привилегија беше да се следи тимов 10 години наназад, уште од ерата на Мурињо кој го врати тимот во врвот на ЛШ па до ден денес како неприкосновени шампиони и газди на трофејов.
Сега треба стабилизирање и што почесто освојување на Ла Лига, во ЛШ секако ќе сме први додека ни се живи и внуците. :kuracc:
 
Последно уредено:
FB_IMG_1653912338695.jpg

Откако имаше критики кон Реал за потрошени 46 милки за 16 годишен...
Винчини...за неколку години во Мадрид ќе мислат дека платиле премалку.
 
Прегледај го приврзокот 334027

Откако имаше критики кон Реал за потрошени 46 милки за 16 годишен...
Винчини...за неколку години во Мадрид ќе мислат дека платиле премалку.

Како ги погодија и Вини и Родриго секоја чест. Сега има исто муабет за некое бразилче 16 годишно, Ендрик.
Шпиц игра, гледав некои видеа, мислиш има 25 години, каква стамина. Плус она се бразилското со него, дриблинзи, курци палци.

Оваа политика со млади играчи поефтини и надежни, ја почнаа од кога увидоа дека неможат да се носат повеќе со арапски пари. Засега добра одлука испаѓа дека е.
Иначе тој скаутот што ги наоѓа и договара децава се вика Калафат и веќе има некој функција директорска во клубов.
Пак ќе кажам секоја чест, истиот скаут го има најдено и договорено Валверде.

Комбинацијата со искуството на некои играчи и младиве кои има што да научат од нив е предобра.
 
Добро кажано. Многу му должиме на тој Калафат, а ова Ендрик ако се погоди, таман ќе ја имаме Бразилската репрезентација како трио во напад за неколку години :D

Многу благопријатно се осеќам деновиве инаку. Убаво ми е :love:

processed.jpg

Автоматски споено мислење:

YouTube коментар видеото за Ендрик

"I'm Brazilian and I'll explain why he's so talked about here in Brazil, all these shots and goals were made in the under 21 youth tournament, he was just 15 years old and was elected best player in the competition even with players 6 years older than him"

Ипак треба да се има и добра доза скептицизам за младиве таленти. Одегард на 15 исто правеше ршум, се уфилма дека е најјак на цел свет, па еве го се труди сеуште кариера да направи. Напорна работа се бара. Талентот е малку битен.
 
Последно уредено:
Има денес добра анализа на Марка за поништениот гол на Бензема.
Вика вака, во ситуацијава многу е битно дали има намера да се игра со топката, или нема намера да се игра со топката (допир од Валверде/ одбацена од Фабињо)

И заклучокот е дека, онолку колку што има намера да игра Валверде со топката толку има намера да игра и Фабињо.
Во спротивно, ако се одлучи дека некој од двајцата немал намера да игра со топката, одлуката е во негова корист.
Т.е. во конкретниов случај од ВАР собата пресудиле дека Валверде имал намера, а Фабињо немал намера да игра со топка.

Е сега кај е фората што ние ја изедовме.
Во дадената ситуација и Валверде, и Фабињо имаат очигледна намера да одиграат со топката, едноставно беше работата кој прв ќе стигне до неа, или Валверде да ја пуца, или Фабињо да ја расчистува.
Испадна дека Валверде прв доаѓа до топката и ја допира само, иако ја проценуваат од ВАР дека е тоа игра со намера. Ок.
Ама прашањето што си го поставуваат сега сите, како е проценето дека Фабињо немал намера да игра со топката во таа ситуација. Едно е да има ситуација каде што, некоја ја пуца директно во играч од одбраната и од тој играч несвесно се одбива топката, а друго е да во овој случај играчот иде директно со намера да игра со топката. И на крај тоа и го прави, на некој начин го блокира шутот на Валверде, но и ја расчистува топката со лизгачки старт. При што во овој случај целосно го исклучува офсајдот.

Според ова правило и според сите толкувања на тоа правило овде немаше офсајд.

Во секој случај, правдата победи. Не ми е симптоматично што многу не се искоментира оваа одлука, пошто во спротивен случај ќе се правеа мурали со ситуацијава 100 години унапред.

Само ми е чудно како Клоп познат критичар, меѓудругото и на судиите, не ја искритикува оваа нивна одлука.
Сепак он, во класичен негов стил на крај не пројде без критика и овојпат ја искритикува неспособноста на неговиот напад, од незнам колку шута неможеле гол да дадат.
 
Сеуште под импресии од сезоната што ја имавме, сакам да испратам една порака до сите фанови на Реал што ја читаат и пишат во оваа тема:

Организирајте се со други фанови од вашиот град, следете ги Пења Мадридиста Македонија на FB за да бидете во тек со настаните.

Заедничките следења на натпреварите се сосем друга работа. Да, убаво е вака по форуми што си пишиме али дружбата во живо е вистинската работа.

Сум се дерел на цел глас и во Кавадарци кога ги пратевме утакмиците, а на финалето во Скопје останав буквално без глас. Проверете ги клиповите на FB страната на Пења Мадридиста Македонија за да добиете претстава, мада во живо да си таму е сосем друго.

Подобро од тоа е само во живо на стадион.

Hala Madrid!
 
Барале Монако за црнчето 100 милки плус 20 во бонуси...
Со една сезона ваква цена :cautious: ни прво ни последно црнче што ќе излезе од нигде никаде.
Ја би идел по Погба ако е вистина муабетов за ценава.
Само што Реал иде на таа карта дека малиов сака да иде у Реал, и нема да прифати друга понуда. На Реал понудата е 80+20. И сега ќе чекаат.
 
ПСЖ се интересира за него, затоа.

Тоа е тоа, шеиците ќе се испосерат со пари и за тоа што треба и што не треба.

Да извадиме муабет дека Реал е за мене заинтересиран, и за мене ќе извадат 100-200 милиони.

Има играчи, не е страшно. Кој тргнал по пари нека оди во француска лига. Кој тргнал фудбалер да постане ќе оди на друго место и така.
 
Ае честито Рудигер!

190cm, Шампион од челзи, избран во тимот на сезоната во ЛШ.

Не е лошо.
 
Ми се допаѓа трансферот на Рудигер, ама што сњга со Милитао?

Зверски одигра во финалето, а и воедно зверски игра, според мене подобар играч од Варан.

Плус млад е, би сакал да добива минутажа, со оглед на тоа дека е многу брз, спретен, и знае да направи пас (многу пати сезонава долг пас до Винисиус) можеби да го проба Карло како десен бек повремено?

Кога може Начо да покрива таму ќе може и тој... Ваљда.
 
Рудигер е повеќе замена на Алаба, отколку за Милитао. Марсело си оди, лев бек нема да се зима. Алаба одлично покрива по лева страна на бековска позиција, нешто како Марсело е, само не толку добар.
 
Ми се допаѓа трансферот на Рудигер, ама што сњга со Милитао?

Зверски одигра во финалето, а и воедно зверски игра, според мене подобар играч од Варан.

Плус млад е, би сакал да добива минутажа, со оглед на тоа дека е многу брз, спретен, и знае да направи пас (многу пати сезонава долг пас до Винисиус) можеби да го проба Карло како десен бек повремено?

Кога може Начо да покрива таму ќе може и тој... Ваљда.
Ќе има минути за сите и за Алаба, и за Милитао и за Рудигер.
Следната сезона клучот до успехот и до титулите ќе биде долгата клупа на екипава.

Ќе има минути за сите и за Алаба, и за Милитао и за Рудигер.
Следната сезона клучот до успехот и до титулите ќе биде долгата клупа на екипава.

Да не испаднат и повеќе? Читав негде дека Светското Клупско првентсво од оваа година (конечно) би се играло во еден пообемен формат, со повеќе тимови, во Кина. Планирано било уште 2020 да се почне ама Ковидот заебал работа. Нешто повеќе некој да не знае?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom