Освен мотивацијата, што ја спомнавме од дамна овде, а гледам почна и Зизу да ја спомиња задниве пресови и е факт, мислам дека друг проблем за тимов е неконстантноста у првите 11.
Па неможе со тие триста комбинаторики од страна на Зизу и неговите фамозни "ротации" , (за "сите да бидат среќни" и да се чувствуваат дел од тимот), да се фати еден убиствен ритам со клубов.
Треба да имаат средината или тројцата напред изиграно 90% од можните минути заедно, за да можат со затворени очи да знаат кој каде се движи во која ситуација, каде се отвара, каде утрчува и слично. А не вака по фората на Зизу, еднаш игра еден, друга утакмица друг, па едниот го вади на полувреме, другите класика 5 комада у 60 до 70 минута... сите со сите ги проба, мислам ако извадат податок може за 15 утакмици сезонава дека и 15 различни тима извади на терен. Константност 0.
Си бара ко на времето BBC, а сега пред неколку недели баш заприметив и Марка дури некако "запна" со HBA тројката напред бла бла, Зизу ги пронајде Хазард/Бензема/Асенсио како нови незнам ти што. Прв отпадна Асенсио на сметка на богот Васкез у наредна утакмица, па Бенз ради повреда, и сега и Хазард исто со повреда.
Факт е и дека има некоја лоша среќа тимов со повредите, али сепак ко што реков и здрави играчите Зизу ги преротира и не им дава константност на терен.
Еве пример, Асенсио здрав две го играше прва постава влезе у некоја натпреварувачка форма, па одма две го стави на клупа, сега пак почна со него али се виде дека е оладен.
Друг проблем е што Зизу највероватно не ги анализира и скаутира противниците. Како што рече и Мијатович на Алавес кои најдобрана страна им е напаѓачката тројка, ти да им излезеш ПАК со Марсело и Васекз бекови, при ЗДРАВИ Менди и Милитао, треба или да си луд или да не го познаваш противникот. Ваљда овде и двете ствари се у игра
Исто сакам и ова да го пишам, видов дека Хазард земал 20 милки по сезона (мислев Бале со 17 беше најплатен), под хитно на клоци летово нека го разбркаат дупка невидена е братов, нешто трампа, позајмица или било што. Само зијан е, и ќе биде за клубов.