Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Се што промашивме ќе не кошта на крај.
 
Или со чекан го мавет на тренинг по нозе, или немат слугинка дома па тој бришит и рибат на колејнци или стварно е стаклен.

Неам друго објаснување
 
Мислам дека сезонава ни останува да се тешиме со на барса киксевите, и тие со нашите. Двата тима ваков циркуз да бидат незнам кога било последен пат.
 
Нека кршат нозе на терен или нека фаќаат магла од тимов. Корона имало, збиен распоред имале...демек другите немаат.
 
Поголеми се шансите моментално да не му го продолжат договорот на Рамос и се дотепаат уште толку него да почнат да влечат добри потези.
 
Лукас Васкез ни е најдобар играч шо да се каже повеќе.
 
Освен мотивацијата, што ја спомнавме од дамна овде, а гледам почна и Зизу да ја спомиња задниве пресови и е факт, мислам дека друг проблем за тимов е неконстантноста у првите 11.

Па неможе со тие триста комбинаторики од страна на Зизу и неговите фамозни "ротации" , (за "сите да бидат среќни" и да се чувствуваат дел од тимот), да се фати еден убиствен ритам со клубов.
Треба да имаат средината или тројцата напред изиграно 90% од можните минути заедно, за да можат со затворени очи да знаат кој каде се движи во која ситуација, каде се отвара, каде утрчува и слично. А не вака по фората на Зизу, еднаш игра еден, друга утакмица друг, па едниот го вади на полувреме, другите класика 5 комада у 60 до 70 минута... сите со сите ги проба, мислам ако извадат податок може за 15 утакмици сезонава дека и 15 различни тима извади на терен. Константност 0.

Си бара ко на времето BBC, а сега пред неколку недели баш заприметив и Марка дури некако "запна" со HBA тројката напред бла бла, Зизу ги пронајде Хазард/Бензема/Асенсио како нови незнам ти што. Прв отпадна Асенсио на сметка на богот Васкез у наредна утакмица, па Бенз ради повреда, и сега и Хазард исто со повреда.
Факт е и дека има некоја лоша среќа тимов со повредите, али сепак ко што реков и здрави играчите Зизу ги преротира и не им дава константност на терен.
Еве пример, Асенсио здрав две го играше прва постава влезе у некоја натпреварувачка форма, па одма две го стави на клупа, сега пак почна со него али се виде дека е оладен.

Друг проблем е што Зизу највероватно не ги анализира и скаутира противниците. Како што рече и Мијатович на Алавес кои најдобрана страна им е напаѓачката тројка, ти да им излезеш ПАК со Марсело и Васекз бекови, при ЗДРАВИ Менди и Милитао, треба или да си луд или да не го познаваш противникот. Ваљда овде и двете ствари се у игра :)

Исто сакам и ова да го пишам, видов дека Хазард земал 20 милки по сезона (мислев Бале со 17 беше најплатен), под хитно на клоци летово нека го разбркаат дупка невидена е братов, нешто трампа, позајмица или било што. Само зијан е, и ќе биде за клубов.
 
Изгледа ќе ги пакува куферите зидан.. ти ебам екипата млитава не знаат 2 паса да сврзат .. све треба ремонт они се фатија вложуваат во стадионот...

Sent from my MI 9 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom