Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Продавањето на Игуаин за сметка на Бензема е една од подобрите одлуки шо универзумов ги видел во новиов милениум, иако беше оспорувана од секој можен следач на фудбалската игра.

However,almost 10 years later ‍♂️
 
105044526_555575412014706_1105632084779526565_n.jpg


zzz
 
Многу значајна победа.
Да сум му во глава на Зидан , да видам што се му се врти по глава пред вакви натпревари еј?!
Па добро , разбирам јас чудно рестартирање на сезона, умор, опасност од повреди , ама која беше бе онаа постава против Сосиедат?
Хамес, ок, добар играч беше ама од него ништо нема останато. Друга работа , Азар, ниту минута при таква неизвесност? Модрич само 5-6 минути?

Нема да дрвам дека подобро знам од Зидан, бидејќи НЕ ЗНАМ. ФАКТ. Тој човек е таму бидејќи таму му е местото, ама сепак би сакал да го знам резонот
поради оваа постава денеска.

По овие 2-1 , незнам дали повеќе нашиве да ги фалам или да им се смеам на Сосиедат. Па па па , која паѓање на форма го имаат овие еј.
Не се ни пола екипа од онаа што не здроби во Купот во Мадрид. Одегар, неприметлив. Всушност, се приметуваше само кога грешеше додавања.

Од нашиве, Куртоа не дека имаше некоја работа , Рамос и Варан доста солидно одиграа. Марсело и Карва, така-така. Касемиро стандард, а Крос што знам, во онаа повлечена тактика, некако многу не се виде. Валверде не е оној истиот од пред паузата, ама детето кине со работа и упорност. И баш така и асистенција ќари. Хамес, укочен цел. Му фали тој game fitness се гледа, ама штета што Реал нема време и бодовна разлика да го разигруваат него. Бензема , тоа што му дојде, си го реши како што треба. Вини ...еееее овој. Незнам како да гледам на овој играч веќе. Факт е дека тој ја направи разликата денес! Ама аман бе , како секогаш му фали таа завршна финеса? Не е можно толку да е бос при финиширање и бирање на правилна опција. Незнам , млад е. Ако успее тоа да го среди , би бил во топ 3 играчи во свет, ама без тоа, мислам ќе падне дури и под нивото на еден Робињо.

Се надевам дека со Рамос не е некој посериозен проблем со коленото само. Не само играчки, доста би фалеле лидерските способности што ги има.

Највероватно лигава ќе ја одлучи поквалитетната клупа. Барселона на тоа поле нема никаква шанса. Тек сега ќе почнат нозете да стануваат се потешки и потешки. Еве Зизу , успеа еден Азар да го одмори и тоа против Сосиедат(Лудак?!). Дали во било кој случај Барселона може истиото да си го дозволи со Меси? Не би рекол.

Како и да е , има уштре многу да се игра. И јас лично се согласувам со муабетот дека Реал до крај нема се да тепа , ама не верувам дека и Барса се би тепала до крај. Да видиме кој повеќе ќе киксне.
 
Хамес и Мариано ни на пријателските не ги земаше во тимот, сега на најбитната утакмица овој стартер го става едниот..
Ај шо го стави,ами при секоја логика требаше на полувреме да го вади,се виде дека братот тешко врзува 2 и 2...ама тоа е..
Брахим би го играл у секој момент пред Хамес.Дечкото нема Ф од фудбал веќе добри 2 сезони....

И мене ми нема логика одмарањето, со оглед дека следна ни е дома Мајорка...едино ако не е преумореност на играчите или ситни повреди,што верувам дека не е...

До крај имаме за нијасна малку по лесни екипи,ама ако се знае дека сезонава губиме бодови токму од нив, а со јаките сме супер,далеку сме од крајот...едино ако циганите не заредат 2-3 кикса сеа,па да одиме на +4+5
 


За оваа ли местена Ла Лига зборуваат пичките каталонски. :icon_lol:
 


За оваа ли местена Ла Лига зборуваат пичките каталонски. :icon_lol:

Баш ми текна на овие резили. Посебно против Барселона и Леванте. При VAR она да не го судиш пенал, или си ти тотално неадекватен за работата или следиш повисоки дирекции.
 
Бензема, Бејл, Азар и Винисиус стартери... како ли ќе изгледа ова? :D
 
Ах да ни бапнат едно голче во 90та поради глупостиве во напад што ги прават...
Автоматски споено мислење:

Пу, капитенот заеба работа.. :ROFLMAO:
 
Него, Таке Кубо

Каков играч малиот можит да бидит за брзо време. Неверојатно движење со и без топка, брз, јак..примат удари и шо е најбитно не се плашит да ја имат топката в нозе. Целава позајмица му е полн погодок, уште една година во малку подобар клуб и требит да се земит назад дури е активен Лука да го менторират малце, па да бидит шо ќе бидит
 
Ваш играч е? Малиот има ептен добар дриблинг.
 
Ваш играч е? Малиот има ептен добар дриблинг.
Нивни е, се заебаа од Барселона сами и овие им го здиплија.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom