Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Сега и нас ќе ни дозволат да купиме еден играч наместо Азар и ние ќе го земеме Мбапе. Се ќе изгазиме до крај на сезона!


 
Сега и нас ќе ни дозволат да купиме еден играч наместо Азар и ние ќе го земеме Мбапе. Се ќе изгазиме до крај на сезона!


Ама мора од лигава да биде ако не се лажам

Така да....

Ќе го земете Меси

Или уште бољи

Ќе го земете Braithwaite :D
 
Мојот човек Винисиус :roker:
Автоматски споено мислење:

Да шутне, не знае
Да подаде, не знае
Да изнуди пенал, ни тоа не знае
 
Последно уредено:
Шо гледаа у вар хаха
 
Сосема заслужен пораз. Оваа екипа неможе да се натпреварува со овој Сити.
Кога на крај на натпревар најдобар играч ти бил голманот, а ти си изгубил 1-2, се кажува.
Со малце повеќе среќа , или подобро кажано, не правење елементарни грешки, можеби ќе земевме нерешено, ама сепак резултатот стои.

Куртоа - одличен! Освен првиот гол каде можеби можеше да ја одбрани, другото беше тип-топ.

Дани карвахал ... аууууу која катастрофа е станат човеков. Не само за нерезонскиот пенал, туку еден куп едноставни пасови заеба кои чудно
како не не казнија. Центаршут да погоди - многу ретко.

Менди добар беше , ама само тоа ..добар. Нема ни 15% од Марсело во напад допринос. Можеби навикнат на Марсело по лева , па секогаш се чека
нешто екстра, па поради тоа овој ми делува толку бледо...незнам.

Варан, не беше толклу лош , ама затоа Рамос веќе втора текма по ред прави грешки кои голови не чинат.
Интересно , црвениот картон, мислам дека не ни беше за црвен. Премногу лесно падна. Од една страна, при првиот гол таков мал контакт кон Рамос не
беше суден фаул за него, а 2-3 минути покасно, црвен. Што знам. Двојни аршини.

Валверде после Куртоа најдобар на терен од нашиве! Секоја чест за детево и борбата која ја става во секој натпревар.
Модрич ок, ама веќе му паѓа газот. Ја нема онаа доминација што беше познат.
Касемиро, после Карвахал најлош од друга страна! Играше во некој грч и често кочеше транзиција. Пази кој глуп пас го направи при црвениот на Рамос?!
Иско еден од подобрите, не поради голот, повеќе со тоа што даваше некоја сигурност , каква-таква во средината.

Вини, кој бот. Одлична асистенција, и толку. Алооо каде бе со они "ала Роналдо" ромски финти ? Прескокни, врати се...пак прескокни и што?
И она прво како бе може онака да промаши? Не друго, ќе се повредеше.
Бенз, денес не би требало да е мета на потсмев, бидејќи не ни знам дали доби употреблива топка. Одличен удар со глава прво и тоа би било.



ЛШ не е срамота да се испадне од Сити. Да не биде "грозјето е кисело" муабетов, ама стварно мислам дека се нема притисок за нешто повеќе во ова натпреварување и плус да испаднеш од еден ваков Сити , лесно ќе помине.

Е сега, во недела против Барселона треба да е жустра. Таму победата ќе е доста битна. Дури и нерешено , не остава во игра.
Пораз, не само што ќе не одалечи на -5, туку психолошки ќе ги дотепа.
Освојувањето на лигата е прекупотребно.
 
Вака и со ПСЖ ја засравме у последни 10 мин, али у главном последни 30 минути стандард ги играме на лошо ниво годинава. И со Леванте истото беше.
Мој заклучок дека постариве паѓаат физички задњи минути, или слаба кондициона подготовка.
 
Вака и со ПСЖ ја засравме у последни 10 мин, али у главном последни 30 минути стандард ги играме на лошо ниво годинава. И со Леванте истото беше.
Мој заклучок дека постариве паѓаат физички задњи минути, или слаба кондициона подготовка.

Не би го споредил овој натпревар со оној против ПСЖ.
Тогаш ние ги издоминиравме ПСЖ. Денес , реално , Сити не издоминира.
 
Очекував одбраната да стисне заби да им извадиме 0:0 или евентуално поклонот 1:0 што го имавме, ама Бивис и Батхед позади продолжија со формата, среќа Куртоа беше на висина на задачата иначе ќе јадевме 5-6.

Ова лето треба да се расчисти со старата гарда и да се среди нападот, не личи Реал да чека голови од бразилче уан трик пони со млечен брк, пензиониран голфер и син му на Зидан јутубер у успону.
 
Не би го споредил овој натпревар со оној против ПСЖ.
Тогаш ние ги издоминиравме ПСЖ. Денес , реално , Сити не издоминира.

Па прво пол издоминиравме. Со топка не се составија Сити, ги бркавме пресинг до голман и само ни ја префрлаа назад топката :)
Второ паѓаме физички, особени после 60 мин.
Сеа со Барса и покрај лошата серија мислам дека ги добиваме. И они се срање на физичко ниво, дури и полоши. На Меси двајца, а другине црепои нека си подаваат до утре.
 
Не сум сигурен од каде простор за оптимизам, па и дека добиваме? А дури и да добиеме тимов не е во состојба да одржи добра форма. Ја се надевам дека Зидан нема да добие отказ и пак да праиме нови екскурзии, и дека тие што треба да си одат според него ќе си отидат така што нема да имаме лоша крв во тимот ко што е случајот со Бејл каде тренерот и играчот воопшто не комуницираат. Едино што ме плаши е во клубот е ако се остане со ставот дека Бензема е најдобра деветка и нема потреба да се донесе нов класа играч кој ќе биде дел од нападот, подобро нека кажат не сме способни да донесеме класа играч и тоа е тоа, сите ќе си бркаме работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom