Freddy Krueger
The Dream Master
- Член од
- 18 март 2009
- Мислења
- 2.236
- Поени од реакции
- 2.028
Го претставуваат бразилчево Реиниер, вака на јутуб клипчиња солидно делува.. 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И јович делуваше солидно на клипчиња па уште го чекаме да се адаптира пола годинаГо претставуваат бразилчево Реиниер, вака на јутуб клипчиња солидно делува..![]()
Реално, во однос на се што видовме од доаѓањето на Hazard во Реал, ова негово отсуство не верувам нешто да менува во однос на нашите шанси за ЛаЛига или потенцијално за ЛШ. Веќе напишав едно мое видување за неговиот моментален допринос во играта ,уште пред првата повреда. Факт е дека никако не беше и сеуште не е поврзан екипата и начинот на игра кој Зидан моментално го бара. Имаше еден куп комични ситуации (една и вчера) каде буквално си влегува со соиграч во дуел да задржи топка. Премногу солира, и кога треба а и кога не треба. Уште од самото доаѓање, како да има некој императив дека треба и да се бара од него, да прави чуда на терен. Далеку од тоа дека е лош играч, напротив. Треба да му се најде адекватна улога. Е сега, дали цел тим треба да се менува и адаптира на неговата игра или тој треба нешто да смени, останува на Зидан да одлучи и реши како ќе го спроведе. Бидејќи, реално , вака не оди. Мислам дека единствен натпревар каде што навистина се осети неговото присуство беше оној дома со ПСЖ ... и толку.
Сепак , ако погледнете, тимот без него играше и повеќе од солидно. Немаше пораз 2 месеца. Успеа да стигне до првата позиција на табела и освоија Супер Куп. Сесема доволно, за да се докаже дека без него се може. Е сега, лошата форма во која западнаа е нешто што загрижува.
Ептен на место анализа
И ја имам осет дека више сме зијан со него. Иско на таа позиција колку и да го хејтам бар проигрува се враќа помага, за разлика од Хазард шо бара и губи топки и се губи со неа у ноги. Винициус исто поише енергија и опасност внесува.
Трансферов у Реал Хазард изгледа си го сфати како круна на кариерата и сега е тотално опуштен и му фали фокусот и желбата за докажување у Челзи шо ја имаше. Да не зборам пред рука ама ако нешто не промени у себе и со себе, прво килажатами делуе дека ќе биде појак флоп и од Кака.