Никад нема да се освести, број еден форсатор у фан клубов е мојот човек ЕлНињо.
Аха, ко за што форс? Дека Игуаин ќе има ист придонес колку Мората во Челзи? Или ко за Канте?
Пошто за ова е ко за првиов случај.
Три непотребни играчи за цена за која ќе го купеа Мбапе ко ништо.
Под непотребни не мислам на тоа дека сите се слаби.
Али ај еве:
1. Менди? Носиш лев бек, каде го имаш Марсело кој ќе се врати во форма сигурно, го имаш откритието на сезоната, позиција на која си покриен предобро. Нонсенс.
2. Јовиќ? Шеснаеста година по ред носиш шпиц кој зад себе има 1 добра сезона во сумлива лига. Лани ете и Мариано растураше во ЛаЛига па видовме што се деси со него во Реал...
3. Хазард секако е за најмалку замерки. Класа но играч кој нема да го замени сам системот на играч и играч каков што пресличен профил имаш во тимот (Иско), само што Хазард знае и да распука а не да дрибла до сама гол линија. Плус факторот години. Но за него ајде, изгорен е веќе со години да игра во Реал, исто и Зидан го сака него, би требало ако не друго да е мотивиран до максимум. Очекувањата од него ќе бидат да ги облече копачките на Роналдо а лично мислам дека нема да успее да има приближен ефект (целосно ист ко него никој освен Мбапе не може да има).
Мбапе е профилот на играч кој по секоја основа се вклопуваше за во Реал и кој мораше да биде доведен тогаш кога го пропуштија, мораше и сега кога е турбулентно во ПСЖ.
Фали уште голман сеа да земеме некој...