ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34
Мислиш ќе го земеме Мбапе? Мене ми е најголема желба, ама мислам дека тешко, барем овој трансфер период. Ќе го земеме Хазард, тоа е повеќе од јасно, колку и да побараат Челзи мислам дека ќе им платат. Ќе земеме уште еден напаѓач, не знам кој, и тоа ќе биде тоа од трансфери според мене. Нема да си одат ни Бејл, ни Иско, ни Асенсио ни никој од тројцата играчи од средина.
Шанса нема, штом лани не го земавме, сега мислам дека кога веќе Перез сам ќе бира играчи (Лопетеги не верувам да има ни приближно исто право на вето како Зидан), и да е достапен Мбапе нема ради инает да го земе ради тоа што му го направија лани.
Ќе биде Нејмар освен ако не се предомислат ради негативниот публицитет, но тешко е веројатно тоа.
Хазарад не гледам како би ни донел нешто ново во играта. Не гледам голема разлика од тоа што он го допринесува за тимот, со тоа што го допринесува Иско. Можеби е за нијанса подиректен, но не доволно како на пример што беше Џејмс.
Бејл и јас мислам дека нема да си оди, а ни отварачот на простор. Исто мислам дека и нема да земеме ново големо име за шпиц туку ќе вратат некој од Родриго или Маријано. Иако земање на Лева кој гледам дека сака да си иде од Баерн би било џек пот од рангот на Тони Кросс.
А ќе се повторам, мислам дека ќе има уште едно „големо“ заминување од тимот, нема да остане само на Роналдо...