Мариано на чекор до Леганес
По синоќешниот деби гол на Бернабеу, Мариано е блиску до напуштање на клубот. Напаѓачот знае дека ќе биде многу тешко да оствари солидна минутажа сезонава ако остане во првата екипа, затоа се решава да прифати една од понудите на маса. А тоа ќе биде понудата од Леганес, новиот прволигаш во Примера, тврдат денес шпанските медиуми.
Реал Мадрид глда повеќе предности во отстапување на позајмица на Мариано во малиот мадридски клуб. Прво, Леганес ќе му понуди на
Мариано минимум од 79 % од минутажата на екипата во новата сезона, со што тој ќе може да игра регуларно со сигурност. Второ, Реал ќе има
шанса да го поврати во јануари, ако има потреба за тоа, идентично како што има клаузула во договорите на Диего Љоренте и Маркос Љоренте.
Понатаму, скаутите на клубот ќе може да го следат одблизу, зошто Бутарк, стадионот на Леганес е оддалечен само неколку колиметри од Бернабеу. И на крајот,
играчот нема да треба да го менува своето живеалиште, што е секако предност за него. Иако во клубот има понуди пристигнати од екипи како Малага, Порто, Виљареал, Валенсија, сепак управата смета дека Леганес е најадекватната опција за Мариано.
od
Фан Клуб на C.F. Real Madrid