Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Ако го купи Де Хеа се да му умре по дома на Перез
 
Значи мислам дека скоро сите ќе се сложиме:

Касемиро
Модрич - Крос
ББЦ

Иско и Хамес се во ужасна форма и мислам дека ова е најдобриот состав моментално. Имаш баланс, меѓу средниот ред и нападот, со играњето на Касемиро Модрич и Крос автоматски имаат поголема слобода и двајцата повеќе ќе трчаат и ќе покриваат од Иско и Хамес. Вечерва фалеше Бензема, со него многу подобро ќе изгледа офанзивата.
 
Средината е мерак вака, океј рома не е некое мерило со оглед на тоа што повредените му се предобри средњаци ама ... Касемиро - Модриќ............
 
12321648_1185634328149694_6836902604063132514_n.jpg
 
Марсело и Данило очај во одбрана, а посебно Марсело, скоро сите прилики беа ради неговото трчкарање. Данило па уште полош во напад. Со Карвахал ќе бевме многу поцврсти назад и поубитачни напред.
Крос и Лука добри беа, доста прилики искреираа. Треба да им се дадат неколку мечеви по ред со Касемеиро за да ја згазат салам топката.
Васкез и Кејлор беа најдобри денес. Васкез е многу корисен играч, како во напад така и во одбрана. Ја преломи утакмицата во наша корист. Ништо чудно да стартува наредна.
Пепе е пред Варан моментално.

Aко се продолжи со истава поставеност и не одминат повредите имам надеж дека можеме да им се спротиставиме на Барса и Баерн.
 
6ти пат по ред во 1/4 финале..

Ако пројдеме со мала среќа за полесен противник со кој може да се носиме( реално сеуште не сме спремни да играме двомеч со барса) и пројдеме 1/2 тоа би било 6ти пат по ред во полуфинале..
Јес да титулите се бројат,ама ипак тоа е добра серија, за разлика од таа 6 години 1/8финале аут..

Инаку, Кејлор сеуште нема примено гол во ЛШ :P
 
Не знам што видовте у Касемиро?
Премногу е тром и спор во средината,со него контра-напади скоро и да нема,циркулација на топка има као рекреативец.
Дечкото има у дефанзива предности,ама сепак за прв тим не е.
Данило катастрофа невиден и најслаб играч на Реал М во моментов.
Џејмс до голот исто така дупка,не се виде на теренот.
Кејлор,Роналдо,Модриќ секогаш на ниво.
Со слична игра на оваа во следната фаза нема што да бараме,посебно ако ни се падни некој од Барселона,Атлетико,Баерн или ПСЖ(ако пројдат сите),едино да молиме господ за Волфсбург или Зенит/Бенфика.
 
Видовме разлика у тим.
Разлика у начин на функционирање на ЦЕЛ среден сред со него, и без него.

Барем јас тоа видов, и сум ептен задоволен од дечкото, и од средниот ред од
Касемиро
Модриќ -Крос​


наместо тромавиот Хамес у средина со Крос и Модриќќ
 
Касемиро: "Зидан знае дека сум спремен во секој момент да го дадам животот за Реал на терен".
Е, јебига. За мене ова вреди многу појќе од било што друго у фудбалскиов свет. Ја на ваков играч би му простил и 5-6 грешни чисти додавања на средина ко денеска. Пошто знаем дека откако ќе го згреши пасот, ќе трча ко куче за да ја попрае грешката, што и беше случај вечерва.
Пљукајте колку сакате, ама ја би бил пресреќен да е цел тим ко него (не дека нема и други, али цел тим сакам).
 
Се шпекулира дека клубот веќе се договорил со Обамејенг. Мое мислење е дека се зема уште еден играч ради бројката на голови, кој ќе се изгуби у Шпанија против големи тимови. Го пропуштаме можеби најдобриот играч на светот у иднина, Дибала. Иако Дибала е повеќе за втор напаќач отколку класичен шпиц.
 
Играчо на Гранада имал денес дете, и си го крстил Модриќ..иначе нема никаква врска ни тој ни жена му со Хрватска :D

Не си гледал ти Ранду и Касандра, и не гледаш на сопкасти Реал за тоа ќе да е :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom