Добро, јас не знам зашто посакувате нови ѕвездени имиња во составот или играчи кои би требало да имаат загарантирано првотимско место.
Верати, што ќе ни го сега? Видовме дека со Модриќ и Крос можеме да изиграме и добра дефанзива. Ако се соочиме со некој ептен надмоќен тука се Кашмеиру па и факинг Иљараменди да одиграат еднодимензионална задача на неколку утакмици. Значи Верати е супер играч, би сакал да дојде ама тешко дека ако дојде ќе прифати да биде алтернатива на Модриќ и Кросс и ќе сака првотимски статус.
Единствени позиции на кои ни треба нов стартер или првокласен нов играч, според мене се само голман и шпиц.
Можеби би ни требало и уште еден таков играч ако го шитневме велшкиот коњ. Ама тоа нема да се деси, па ќе се крстиме да се разигра. Читав дека Бенитез му рекол да не глуми Gym Baja и да спушти малку килажата за да си ја врати брзината и агилноста.
Напред мора да земем еден играч барем за конкуренција на Бензема. А не би имал против да земеме и класа шпиц. Ама и со играч ко Љоренте би бил задоволен, шо да не.
Лани ни фалеше длабочина во составот, не квалитет на првотимците. Тоа во голем дел беше и вина на Анчелоти, ради неговата слаба ротација се изнаповредија и се истрошија првотимците, резервите не ги играше често па у клучниот дел од сезоната ги уфрли, е тогаш бајо мој не може да влагаат у форма.
Мене Васкез ми е топ опција за роатција со слаби противници и за задњи 30 минути на добиен меч. Ко што беше и Каљехон. Би сакал да го задржат и Черишев, така би имале одлично покриен офанзивен ред. Роналдо, Бејл, Иско, Џејмс, Черишев, Хесе се 6 супер играчи за тие 3 позиции.
Ако Кашмеиру игра ко лани во Порто, ќе биде одлична замена за Кедира, оној здрав Сами кој го знаевме до минатата сезона. А за Лука и Крос, во светов има едвај 10 играчи кои можат асално да ги заменат, сите тие се провитмци во нивните клубови и тука би дошле само ако им се вети првотимско место и вонземска плата. Тоа е муабетот.