Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Бернд Лено
Дани - Варан - Шкодран - Марсело
Кашемироу - Крос
Васкес - Хамес- Бејл
Роналдо

Касиљас
Кејлор Навас - Де Геа - Бернад Лено - Пачеко
Антонио Адан - Томас Мехијас
Џамес
Б-Б-Ц​

гол не примаме. :kafence:
 
Ај да направиме рекапитулација на сите шпекулации и настани во овој трансфер период до сега поврзани со Реал Мадрид:

  • Наголемо каталонски медии трубат дека Арда и Погба се играчи на Барса од 2016 та
  • Според Марка, кои важат за гласило на Флорентино според последните случувања околу Рамос сагата, Рамос дефинитивно сакал да си иде од Реал
  • Манчестер тера инат за Де Хеа и не попушта со цената, доведено е во прашање неговото доаѓање во Реал наредната сезона
  • Агентот на Отаменди изјавува дека Отаменди нема шанси да потпише за Реал без оглед на разговорите на Јунајтед со Рамос и дека Отаменди го преферира Манчестер
  • Најновото засилување на Реал е факинг Лукас Васкез
  • Бенитез го сакал Љоренте ко конкуренција на Бензема :tapp:
  • Нема никаков абер од потпишување на Верати
  • На Агуеро не му се иде во Реал
Ќе биде смеење нареднава сезона :D
 
Си го баравте со Бенитез :D
Следно засилување Давид Луиз и ќе игра средина, да се заврсти малце, како у Челзи што правеше, па фрчеа голови секој меч ради негови грешки :D
 
И Мурињо го играше Д.Луиз средина, автоматски и тој е срање тренер?
 
Добро, јас не знам зашто посакувате нови ѕвездени имиња во составот или играчи кои би требало да имаат загарантирано првотимско место.

Верати, што ќе ни го сега? Видовме дека со Модриќ и Крос можеме да изиграме и добра дефанзива. Ако се соочиме со некој ептен надмоќен тука се Кашмеиру па и факинг Иљараменди да одиграат еднодимензионална задача на неколку утакмици. Значи Верати е супер играч, би сакал да дојде ама тешко дека ако дојде ќе прифати да биде алтернатива на Модриќ и Кросс и ќе сака првотимски статус.

Единствени позиции на кои ни треба нов стартер или првокласен нов играч, според мене се само голман и шпиц.

Можеби би ни требало и уште еден таков играч ако го шитневме велшкиот коњ. Ама тоа нема да се деси, па ќе се крстиме да се разигра. Читав дека Бенитез му рекол да не глуми Gym Baja и да спушти малку килажата за да си ја врати брзината и агилноста.

Напред мора да земем еден играч барем за конкуренција на Бензема. А не би имал против да земеме и класа шпиц. Ама и со играч ко Љоренте би бил задоволен, шо да не.

Лани ни фалеше длабочина во составот, не квалитет на првотимците. Тоа во голем дел беше и вина на Анчелоти, ради неговата слаба ротација се изнаповредија и се истрошија првотимците, резервите не ги играше често па у клучниот дел од сезоната ги уфрли, е тогаш бајо мој не може да влагаат у форма.

Мене Васкез ми е топ опција за роатција со слаби противници и за задњи 30 минути на добиен меч. Ко што беше и Каљехон. Би сакал да го задржат и Черишев, така би имале одлично покриен офанзивен ред. Роналдо, Бејл, Иско, Џејмс, Черишев, Хесе се 6 супер играчи за тие 3 позиции.

Ако Кашмеиру игра ко лани во Порто, ќе биде одлична замена за Кедира, оној здрав Сами кој го знаевме до минатата сезона. А за Лука и Крос, во светов има едвај 10 играчи кои можат асално да ги заменат, сите тие се провитмци во нивните клубови и тука би дошле само ако им се вети првотимско место и вонземска плата. Тоа е муабетот.
 
Да останеше Карло и те како ќе ни требаше класа играч како замена, што ваљда ќе играше повеќе.
Со Бенитез не е ни почнато да се тренира не пак формации или замени да се гледаат. Од она досега што се знае е дека напаѓач ќе треба, и тоа некој солиден. Се надевам дека Бензема нема да игра секогаш кога е здрав, туку некој ќе му го испоти газот како конкуренција, има периоди кога е голема флегма.
 
Има да има циркузи годинава прво со крофната па со трансфериве :)
 
Лелелеле сеа коа ке ви пукне Бенитез 3 5 2 формација со Роналдо и Бејл офанзивни бекови, Љоренте истурен у нападот, Иљараманеди главен играч. Ќе биде едно 4-5 место гарант Реал.

И најјак дел ќе биде кога Роналдо ќе се буни да не игра офанзивен бек и овој за да го казни ќе го бенча и на негово место ќе го земе Maggio.
 
Последно уредено од модератор:
Добро, јас не знам зашто посакувате нови ѕвездени имиња во составот или играчи кои би требало да имаат загарантирано првотимско место.

Верати, што ќе ни го сега? Видовме дека со Модриќ и Крос можеме да изиграме и добра дефанзива. Ако се соочиме со некој ептен надмоќен тука се Кашмеиру па и факинг Иљараменди да одиграат еднодимензионална задача на неколку утакмици. Значи Верати е супер играч, би сакал да дојде ама тешко дека ако дојде ќе прифати да биде алтернатива на Модриќ и Кросс и ќе сака првотимски статус.

Единствени позиции на кои ни треба нов стартер или првокласен нов играч, според мене се само голман и шпиц.

Можеби би ни требало и уште еден таков играч ако го шитневме велшкиот коњ. Ама тоа нема да се деси, па ќе се крстиме да се разигра. Читав дека Бенитез му рекол да не глуми Gym Baja и да спушти малку килажата за да си ја врати брзината и агилноста.

Напред мора да земем еден играч барем за конкуренција на Бензема. А не би имал против да земеме и класа шпиц. Ама и со играч ко Љоренте би бил задоволен, шо да не.

Лани ни фалеше длабочина во составот, не квалитет на првотимците. Тоа во голем дел беше и вина на Анчелоти, ради неговата слаба ротација се изнаповредија и се истрошија првотимците, резервите не ги играше често па у клучниот дел од сезоната ги уфрли, е тогаш бајо мој не може да влагаат у форма.

Мене Васкез ми е топ опција за роатција со слаби противници и за задњи 30 минути на добиен меч. Ко што беше и Каљехон. Би сакал да го задржат и Черишев, така би имале одлично покриен офанзивен ред. Роналдо, Бејл, Иско, Џејмс, Черишев, Хесе се 6 супер играчи за тие 3 позиции.

Ако Кашмеиру игра ко лани во Порто, ќе биде одлична замена за Кедира, оној здрав Сами кој го знаевме до минатата сезона. А за Лука и Крос, во светов има едвај 10 играчи кои можат асално да ги заменат, сите тие се провитмци во нивните клубови и тука би дошле само ако им се вети првотимско место и вонземска плата. Тоа е муабетот.
Меси и Нејмар кој ќе ги затвора, Крос и Иљара?

Ако дојде овој ќе биде промашен трансфер, еј значи до толку се што ни самите не знаат каков играч им треба. Ако со Верати кочи работава се бара играч сличен на него.
 
Чиниш секоја утакмица против Меси и Нејмар ќе ја игра Реал. :icon_lol:

Ако тргне Реал по Верати тоа ќе биде само непотребен луксуз и каприц на претседателот. И сигурно нема да дојде да грее клупа, што значи еден од Иско, Џејмс, Модриќ, Крос па дури можне е и Бејл да испадне од стартен состав.

Интересно е како бордот не ви научи дека со Галактико тим не се постигнува успех во континуитет. :)
 
Точно, само што дерби дуелите во Шпанија го одредуваат шампионот.
Не се работи за луксуз туку за неопходност. Изгледај ја првата утакмица ПСЖ вс Барса, по групи кога играа и ќе видиш зошто е неопходност. Хамес ќе игра десно крило, Иско АМ, не гледам како поради Верати би искочиле од стартни 11, од стартни 11 би искочиле Крос или Модрич, но Рафа најавува интензивна ротација така да воопшто не е страшно и не верувам дека ќе има стандардна 11 ка како кај Анчелоти.
 
Ги ставив во комбинација за клупа Џејмс и Иско во случај да се игра 4-3-3 со б2б Модриќ, а Крос нешто поофанзивно. Како и да е еден ќе мора да дреме на клупа добар број на утакмици без разлика на ротациите. За успех колку што се потребни ротации потребна и константа игра.

Свесен сум што може да стори Верати, ама со динамичен мидфилдер како Модриќ и суперплејмејкер во името на Крос, луксуз е да ризикуваш дебаланс на тимот само ради тоа што една утакмица Верати го ставил на Меси во џеб.
А за тоа дека дерби натпреварите ја одлучувале титулата делумно ќе се согласам. Впрочем ланскава сезона бевте подобри во двомечот а ја изгубивте титулата. Затоа мислам најбитно за титула е да има хармонија во тимот, а со додавање на ѕвезди со високи егоа не помага на ситуацијата. Истата грешка ќе ја направи клубот како и 2003-та година. Го полни составот само со звучни имиња. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom