Едноставно е дечки, ако се носи Де Геа, било летово или наредното, Икер треба да замине, гледно од објективна страна.
Глуп потег е да го донесеш Кејлор Навас и да го чуваш на клупа, али глуп потег од севселенски размери е да го донесеш Де Геа и да ти биде втор голман. Познавајќи го Икер и судејќи според неговите постапки во минатото, он никад нема да прифати да биде резервата, макар и тоа бил заслужено. Да се деси чудо па да го прифати тоа, супер, сите би сакале да остане на Бернабе до крајот на кариерата, ама знаеме дека тоа нема да се деси, т.е. реков ако се деси ќе биде рамно на чудо.
Има 34 години, како за голман има уште 5 сезони пред него во кои може да брани бар на просечно ниво, егото му е такво какво што му е така да сигурно ќе сака да игра а не да седи на клупа.
Нормално, ако заминте, треба да замине со сите нишани, затоа што каков и да е, колку директно и индиректно придонел или штетел на клубот, он е живата легенда, еден од тие што се во највисоката скала на имиња што оставиле белег во клубот.
Мислам дека лани беше идеално време да се прости од Реал, со освоена Децима да замине како победник. Вака со зеро титули ќе остане тоа запишано, дека на некој начин бега (или е избркан, а не е) од клубот. Затоа и мислам дека минимални се шансите да замине, па и ако се донесе Де Геа ќе гледаме шпански серии пак.
Кога сме веќе кај заминувањата, срамно е тоа што на Кедира не му се овозможи достојно збогување. Не верувам дека е толку повреден да не може да изигра бар 5 минути во последново коло. Сепак е играч кој многу значеше за тимот 3 и пол сезони се до гадната повреда која му ја сјеба можеби и кариерата. Играч кој никад не направил проблеми, секогаш примерен и тивок, работник. Но за жал таквите играчи најмалку се почитуваат, особено од глупана шпанска публика.
Така да ако веќе се менува и тренер, боље е да се направи целосна реконструкција, тоа се прави баш вака по неуспешна сезона, нешто што го Барса направи, а не само плукни-залепи. Е сеа целосна реконструкција би била и менување на претседател ама Перез да отстапи е рамно на тоа Груевски да отстапи. Не го гледаме тој филм.