Критиките за Бејл се и тоа како оправдани, за разлика од коментарите на почетокот од сезоната, кога „скапите играчки на Перез мораат да стартуваат по секоја цена“ за после да испадне дека тие ни се клучните играчи. Крос и Хамес на непроверено беа прогласени за фејл трансфери, а освен тоа што до некаде ги оправдаа парите дадени за нив (велам до некаде пошо сезоната е едвај на пола), се покажаа и како подобри од играчите кои ги заменија (Алонсо и Ди Марија).
Како што некој спомна претходно, серијава од 20 победи во низа е единственото нешто што го вади Бејл. Тој е моментално најслабиот играч во тимот. Доста утакмици пројдоа откако се врати од повредата и време е да ја врати формата од лани кога растураа со Роналдо (ова ко Кики да напраил некоја влашка магија и зел дел од силата на Бејл за него). Лесно е при пораз (а тој кад тад ќе се деси) да се бараат виновници, да се покажува со прст кон некого, дали е тоа е кикс во одбраната или неискористен зицер во нападот. Сега треба да излезат одредени слабости на виделина. Да бидам јасен, не барам влакна во јајце. Камо среќа да немаше потреба од вакви коментари. Ама не можам да останам слеп на слабата игра на Бејл сезонава. Особено што имам репер како што е ланската па можам да споредам.