Сега ќе биде горе-доле оправдано,поради тоа што во целата таа мешаница која ја направи Перез со продажбата на клучните играчи целиот стап го крка Икер..Нека проба бе и со Навас на голот,пак ќе биде исто,Навас неможе да отиде и да даде гол,тоа треба Бензема,Бејл,Хамес,нели за тоа ги носи Не се проблем голманите,туку играчите пред нив,посебно во нападот и центарот..Иначе на прашањево,Нема да го мразам оти Икер бранеше во Купот и ЛШ и таму освоивме титули,а во времето на Мурињо,сите утакмици ги бранеше Диего..
Мурињо го направи тоа што другите немаа муда да го направат претходно. Пошто да не се лажеме, Касиљас имаше многу киксеви и сезоните пред да седне на клупа, ама никој не му замераше за тоа, користејќи го твојот аргумент, дека е цар. Дури и Мурињо му го прости тоа, што не бранеше баш најсјајно, ама не му прости што надвор од теренот изигра како пичка.
Заборавате и еден битен факт, а тоа е дека коа се врати Икер од повреда, Лопез бранеше во ненормална форма и беше лудост голман во таква форма да го седнеш на клупа, макар и Ноер да ти е замената. Икер, како прав капитен кој нели би направил се за клубот, требаше да си постои на клупа и да си ја чека шансата. Требаше да ги смири напалените фанови од весниците и да го одбрани Лопез, ама изглеа дека нему му одговараше тоа, па дури и ги подгреа.
Лани Карло направи „разумен компромис“, со играњето на двајцата. Но не е тајна дека и Вечи, голманскиот тренер на Карло јасно кажа дека Лопез е во многу подобра форма и треба да биде прв избор. На тоа како реагираше Икер? Место да се потруди на тренинг да си го врати целосно првото место, он спиеше на тренинзите.
Минатата сезона факт е дека во првиот дел двајцата бранеа во добра форма и директно не спасија неколку пати од пораз со јаки интервенции, но во вториот дел од сезоната двајцата беа бледа копија на тоа од првиот дел, со повремени блесоци.
Ако мислиш дека ЛШ и Куп освоивме заради Икер, а лигата ја загубивме ради Лопез... не знам што да ти речам.
Колку и да не се слагам со Перез и она што се деси овој трансфер период, малку е бедно се ова што доаѓа од бившиот претседател Калдерон и хајката која ја води против Перез со подгревање на шпекулациите дека Роналдо веќе се договорил со Манчестер за трансфер во летото што доаѓа, а исто и Ди Мариа со изјавите дека би сакал да игра покрај Роналдо и дека Манчестер ќе го искористи за да го убеди Роналдо да се врати. Те продадоа, си земаш поголема плата, глеј си асталот и прекини со јадење гомна.
Калдерон нема никаков кредибилитет веќе.
Можеби за тоа со натписите у Мадрид. Ма да за тоа некои му се и лути од порано кога нели сакаше делот кај што седи навивачката група да го направи VIP сектор. Но воглавно му се лутат затоа што и он како и Калдерон сеа го искористил клубот за да направи зделка за својата компанија.
Ова со Ди Марија, заборавате кој му е агент нели? И кој агент беше секојдневно одбиван од Флоро. Ќе продужи да јаде гомна сега Мендез, вака преку играчите, особено по изјавата на Перез за него.