Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Карло Анчелоти ќе користи два система во еден

„Нешто мора да се смени и ќе се смени“. Ова беше пораката на Анчелоти по поразот на Аноета, каде јасно стави до знаење дека ќе го менува системот на игра на Реал Мадрид.

Откако минатата сезона, Карло ја пронајде рамнотежата со 4-3-3 која го ослободи триото BBC од дефанзивни задачи благодарение на трите играчи во средниот ред (Алонсо, Модриќ и Ди Мариа), оваа сезона се чини дека италијанскиот стратег ќе ја врата старата формација 4-2-3-1 со која играше на почетокот од неговото доаѓање во Мадрид.

Интенцијата на Анчелоти е да го извади огромниот потенцијал на Хамес Родригез. Колумбиецот, кој играше на различи позиции во своите први мечеви со Реал Мадрид, оваа вечера најверојатно ќе игра како играч во средниот ред, место на кое триумфираше во Порто и на кое го засени светот на Мундијалот со својата селекција.

Во одбраната, овој систем ќе премине во 4-4-2 бидејќи Хамес и Бејл ќе ги окупираат страничните позиции на средината помаѓајќи им на бековите, додека Кристијано и Бензема ќе бидат ослободени од одбранбените задачи.

Ова не е првпат Анчелоти да го користи 4-4-2 како дефанзивен систем, затоа што против Баерн Минхен, па дури и во финалето во ЛШ, италијанскиот тренер играше со овој систем за да има рамнотежа во средината. Вечерва против Атлетико, Бејл ќе има многу повеќе дефанзивни задачи.
 
И Озил на кое ниво спадна,на Велбек шанси да му мести....
Појма нема сиротиот... сенка на тој што играше у Реал. Ваљда оти го играат крило е дупе...
 
На озил сега му иде да си касне од петелот ама како викаат после еб*ње нема каење :D
 
BxbapEGIcAA-rMS.jpg
 
Карло најави дека ќе има промени после поразот на аноета..

ептен јаки промени....да можеше Карвахал да игра,90 мин ќе се чудев кои ќе бееа промените :D

10702234_806690882708983_1767167307681063910_n.png
 
Ако им играме на посед (а сигурно тоа ќе играме) со Арбелоа десно и без деструктивец ќе ни ебат мамата по загубена топка. Само брз гол не спасува. Или евентаулно здивување на Бејл и Џамес.
 
Само Бејл и Роналдо да имаат свој ден, иначе ни Господ не може да не спаси. Со ваква средина има да не изедат ко крем бананче.
 
Крос ќе игра дестуктивец денес...
Чикарито ќе даде гол ..
Тепаме со 2 разлика...
Бејл исто дава гол...

Поздрав.. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom