Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Што очекувавте бе? Да ги изрешетаме 0-4? Не не, одлична рутинска победа. Знае Карло да темпира форма, со половични сили важни 3 бода си освоивме, сепак во вторник имаме утакмица пред Ел Класико. За разлика од Барса кои имаат повеќе време за одмор и спремање.

Се беше освен рутинска, тоа не мачи, не дека 0:1.

Банда без команда беа.
 
Pobedija I pa ne cine, ako izgubea so li se ke se procitase...

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
 
Сериозно е со Бенз?? како баш сега коа му тргна ццц
 
На што налетав на форумов :D

taktika-jpg.42343

Да се потсетиме на легендата...
 
Што очекувавте бе? Да ги изрешетаме 0-4? Не не, одлична рутинска победа. Знае Карло да темпира форма, со половични сили важни 3 бода си освоивме, сепак во вторник имаме утакмица пред Ел Класико. За разлика од Барса кои имаат повеќе време за одмор и спремање.
10+ за постов.

Добро бе, па вие очекуете дека секоја утакмица ќе ги решетаме противнициве? Малага одигра со срце, добар пресинг. Па лани да играа вака со нас, или пред некоја година, губевме 100%.
А вечерва и покрај тоа што дадоа 110% од нивните можности, пак успеавме да ги тепаме. Дај спуштите се и вие малку на земја, не зависи секогаш од нас резултатот.
Како што реков, денеска Малага одигра перфектно, а пак успеавме да земеме три бода. На вакви утакмици се освојува титула.
И покрај тоа што не игравме којзнае како, пак имавме одлични шанси најмалку за 3 гола. Немој да ги забраете утакмиците под команда на Мурињо, слични на оваа, каде противникот пружаше одлични партии, не успевавме ниту акција да направиме, а камо ли некој бод да земеме.

Друго за утакмицава немам што да кажем, освен ЧАБИ АЛОНСО!!!! Господ здравје да му даде! Толку!
 
Не беше топ ама не беше ни катастрофално. Битно е што со просечна игра си земавме три бода и на 10 кола до крајот сме во доста поволна ситуација иако е далеку од готово. Неповрзаноста се должеше на отсуството на Ди Марија и сосема очекуван беше спориот почеток со оглед на неговото отсуство. Иско тек сега почнува да игра на таа позиција и уште многу треба да се работи за да стане стандарден првотимец.
Ставањето на Ди Марија и покрај ризикот од суспензија(ова Мурињо во никој случај не би го сторил) се испостави како полн погодок, секоја чест. Супер изигра Ди Марија, крајно смирено и доста контри истрча исто на неколку пати ги покри дупките кои стандардно ги остава Марсело. Префрлањето на Ди Марија како средњак би можел да биде клучен потег за евентуалното освојување на титули сезонава.
Најдобар според денес беше Пепе, илјада потенцијални голови успеа да спречи без ниеден кикс, исто и Бејл беше одличен, константно беше опасен и ги немаше црните дупки во текот на мечот кога не можеше да се состави со топката. Супер гол на Роналдо иако исебичи еднаш-два пати тој е лидерот на тимов и од меч на меч само го докажува тоа. Суспензијата позитивно влијаеше, се враќа лека полека во топ форма баш пред одлучувачките натпревари.
Карвахал има огромен напредок од почетокот на сезоната кога беше како мува без глава, но сеуште се чувствува неискуството кое за одбранбен играч е најбитно и понекогаш му паѓа концентрацијата што може скапо да не чини во ЛШ, кога го нема Арбелоа на подолг период.

Што помалку првотимци во стартната постава, толку подобро. Пред се треба да го одмори цел среден ред(да не заборавиме дека Ди Марија има жолт картон), да се надеваме дека ќе поминеме без непосакувани повреди.

Иначе веќе 30 меча сме без пораз, рекордот ни е 34
 
добро е што во Класико влегуваме без притисок(+4 бода) ..
со победа ја исфрламе барса од трката за титула и имаме само 2 тешки гостувања(Севиља и Сосиедад)...

Победа над барса и атлетико сами ќе се откажат од трката :D
 
Ова беше се, само не рутинска победа. Не беа концентрирани играчите кои со мислите беа во наредното коло. Добро е што Ди Марија не доби жолт картон, многу ќе биде потребен за Ел класико. Сега според мене Анчелоти треба да одмори некои играчи со Шалке (добро, знаеме дека Роналдо ќе игра), али ако ништо друго барем двете утакмици се играат на домашен терен и не треба никаде да се патува.
 
Далеку од тоа дека беше рутинска победа.
Муабетот ми беше на вакви утакмици се освојува титула. Утакмица каде што не играш добро, противникот дава и повеќе од своите можности, а на крај сепак си заминуваш со 3 бода.
Ние не игравме којзнае што, Малага на периоди доминираше ама сепак не успеаја да створат некои чисти шанси за гол.
Како и да е, многу значајни три бода. Сега победа на Класико и ете ја титулата.
 
добро е што во Класико влегуваме без притисок(+4 бода) ..
со победа ја исфрламе барса од трката за титула и имаме само 2 тешки гостувања(Севиља и Сосиедад)...

Победа над барса и атлетико сами ќе се откажат од трката :D

Како бе Сосиедад тешко гостување? Џабе ли им го плативме Иљара 40 милиони? :D
 
другарите од провинцијата многу сигурни за 23ти...6 ќе ни дале,7 ќе ни дале..ќе не посрамотиле... јас пак мислам на 4-0 резултат со оглед дека одбраната (ако така може да се каже) на барса игра против ЦР,БЕЈЛ,БЕНЗ и најдобрата средина моментално со Модриќ Алонсо и ДиМарија :D
биче интересно...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom