http://kajgana.com/kasiljas-najdobar-golman-vo-izborot-na-iffhs
Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) од Келн, го избра Икер Касиљас за најдобар светски голман во 2012 година.
Чуварот на мрежата на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, ова признание го освојува петта година по ред, откако претходно, во периодот 2003-2007, го освојуваше второто, третото и два пати четвртото место.
Касиљас освои 224 гласови, речиси 100 повеќе од Џиџи Буфон.
Изборот на IFFHS за голман на годината:
1. Икер Касиљас (Реал Мадрид/Шпанија) 224
2. Џиџи Буфон (Јувентус/Италија) 128
3. Петр Чех (Челзи/Чешка) 92
4. Мануер Ноер (Баерн Минхен/Германија0 85
5. Џо Харт (Манчестер Сити/Англија) 26
6. Виктор Валдез (Барселона/Шпанија) 15
7. Касио Рамос (Коринтијанс/Бразил) 14
8. Самир Хандановиќ (Интер/Словенија) 8
8. Иго Лорис (Тотенхем/Франција) 8.