Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Леле леле уште малку до класикото. 40минути ко вечност ми се чинат :vozbud:

Спремен за серија од 15/15 ? :cool:

Руди Фернандез, Серхио Лул, Фелипе Рејес, има да ги плесниме јако. :vozbud:
 
Спремен за серија од 15/15 ? :cool:

Руди Фернандез, Серхио Лул, Фелипе Рејес, има да ги плесниме јако. :vozbud:
Слотер го заборави ? На сите позиции имаме подобри играчи од нив очекувам да оди реал на 80+ поени .
 
Среќна нова год и среќни празници на сите мадридисти, убав помин вечерва..:)

во новава година посакувам да се освои LA DECIMA и нека дојде крај на светот, и толку..:D
 
Среќна нова година !

jing+girl+mavis+pan3.jpg
 
среќна нова фелиз ањо нуево и од мене,оваа година ла децима бејл и касиљас пак у прв тим,среќа,здравје и бериќет бериќет и само бериќет во оваа нова 2013
 
Сега е шансата да се тргне од нула и да се спаси сезоната.

Прво промени у тимот, онаму каде што најмногу штрчи. Верувам дека и играчите се освестени и знаат дека мора да запнат веќе оти играат ужасно.

Ја прва промена би направил у одбраната. Дури е кокошката повредена би играл Пепе-Варан, Рамос десно, Спартанецот лево. Мора да се проба нова варијанта позади, а Варан-Пепе играа одлично како тандем.

Таквата одбрана каде што имаш лидер и играч во сенка е најдобра. Тука Пепе се покажа како одличен лидер, а Варан како одличен коректор. Кога е со Рамос во тандем премногу се мешаат наместо да си ги дополнуваат потезите тие си ги мешаат.

Рамос, според предиспозициите може да биде најдобриот одбранбен у свет, ама е глуп ко точак! Го прави истото што Бензема го правеше пред 2 сезони.

Затоа сега ротација таму. Мора да си ја средиме одбраната оти Манчестер има тртникот да ни го извади.

Друго, Кедира - Чаби/ Есиен - Модриќ. Тој дел сам по себе е многу ризичен да се ротира, такви чести ротации на срцето на тимот ни Жан Митрев не би издржал. :)

Нека се играат уште стандардната двојка од лани, па тек после Модриќ. Е сеа, Модриќ секако ќе се вметне после, дали заради тоа што Алонсо (сеуште) нема да функционира или заради тоа што веќе Алонсо си ја вратил формата па му треба одмор, зависи.

Напред убедливо најслаб е Ангеле. Мизерен е сезонава, мора тој да си ги врати игрите од минативе две сезони. Со него во форма, многу полесно ќе течат нападите, ќе видите дека за 50% би се подобрила играта во напад. Вака цела една страна ни е отсечена.

Лани најдобро беше тоа што Кака и Озил, Бензема и Игуаин, Ди Мариај и Каљехон сите играа фантастично и имаше огромен простор за ротации, тоа му даваше свежина на целиот тим.

Вака е раштимано, па ќе мора ко шо реков од почеток, прво да се уозбили и разигра првиот тим, да се најде вистинскиот состав па после останатото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom