Kasiljas e vo Barcelona
"Тој бил во друштво со својата девојка, Сара Карбонеро, и бил сликан со мобилен од случаен минувач, додека чекал такси. Тие прво отишле во катедралата во Барселона, и на Каналетес, каде пиеле вода, а потоа се разделиле. Сара отишла на шопинг на Пасео де Грасиа, додека Икер повторно со такси отишол во музејот на ФК Барселона.
Тој потоа се сретнал и со својот стар пријател, Андони Зубизарета, кој е спортски директор на Барса и легендарен голман на Барса и Шпанија.
„Јас, како и Каталонците, имам право да одлучам за својата иднина. Мака ми е од тој вашиот мал Аргентинец кој стално ми постигнува голови.“, наводно се нашалил Икер во разговорот со Зуби.
И потоа, на Ел Прат, таксистот кој го возел Касиљас назад до аеродромот, се осмелил и го прашал: „Икер, се селиш во Барселона?“, на што Касиљас одговорил: „За сега ништо.“