Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Истегна мускул Пипа затоа не можеше да трча и затоа Моу го извади на полувреме. Прашање е сега со повредени Пипа и Бенз дали Моу ќе му даде шанса на Мората или ќе игра некој од Роналдо/Каљехон најистурен.
 
е.
Ако Игуаин знае да влезе у шанса, тогаш за Каљехон немам коментар. Ако доволно го пратиш Реал како што викаш, ќе забележиш дека Каљехон е единствен кој знае да отвори во вистински момент и да се пробие како шило низ среде одбрана на противникот и да излезе сам со голман.
.

Ако Каљехон е единствениот шо знај да се отвори и да се пробие ко шило, сни свршиле работа.

Не викам дека Игуаин е како лани, ама го менува на негативен резултат, каде ни требаат бодови, и го става овој, кој како прво не е напаѓач, друго сите знајме колку малку простор му треба на Игуаин за да постигни гол. Сигурен сум да го остаеше поинаков резултат ќе извадевме вчера. Некни кога ја декласиравме Мајорка сите се попаливте леле 2 асистенции 2 гола, сега не влегол во шанса едно полувреме, и толку од него а ? Демек другиве па се истурија во шанси првото полувреме ...
 
Ако Каљехон е единствениот шо знај да се отвори и да се пробие ко шило, сни свршиле работа.

Не викам дека Игуаин е како лани, ама го менува на негативен резултат, каде ни требаат бодови, и го става овој, кој како прво не е напаѓач, друго сите знајме колку малку простор му треба на Игуаин за да постигни гол. Сигурен сум да го остаеше поинаков резултат ќе извадевме вчера. Некни кога ја декласиравме Мајорка сите се попаливте леле 2 асистенции 2 гола, сега не влегол во шанса едно полувреме, и толку од него а ? Демек другиве па се истурија во шанси првото полувреме ...
И ја го реков истово пред почеток на второ, можеш да побараш и да видиш. И ја мислев дека е лоша измена, секако бев за Каљехон ама не на местото на Игуаин. Ама како што кажаа погоре, Игуаин се пожали на повреда прво полувреме, па може и затоа беше повлечен.
Ама Каљехон не заслуже критики у никој случај, барем не за вчерашната утакмица.
 
Се држеше за задната десна ложа по едно втрчување во шеснаесетник....
 
11 November - Levante vs. Real Madrid
16 November - Real Madrid vs. Ath. Bilbao
21 November - Man. City vs. Real Madrid
23 November - Betis vs. Real Madrid
27 November - Real Madrid vs. Alcoyano
30 November - Real Madrid vs. Atl. Madrid
4 December - Real Madrid vs. Ajax
7 December - Valladolid vs. Real Madrid
14 December - Real Madrid vs. Espanyol
20 December - Malaga vs. Real Madrid

До крајот на оваа полусезона ќе се играат натпревари у просек на секои 4 дена. Неколку играчи се веќе повредени, останатите се физички полу-спремни и склони на повреди, а време за одмор нема. Мурињо исто така нема да може да ги одмара и ротира оти мора на секој натпревар да го вади најсилниот состав пошто не смее да се дозволи кикс ни у Примера ни у ЛШ. Not good...
 
Некој нека му даде линк, нека одбере од стручњаците на форумот :D Барем тие се разбираат и у акции, и у отворање на простор :D Така да ќе немаме проблем :D
 
Џабе да критикуваме оделни играчи кога тиња ни беше цела игра т.е ни е последно време, некако како да фали Марсело и Коентрао во тимот, Есиен е најдобар засега во средината, Модриќ катастрофа беше вчера, а Роналдо нема подршка на неговата страна, чекаме само кога ќе ја заиграме нашата игра...
 
Незнам што толку ви беше катастрофа вчера Модрич. Мене ми изигра онака просечно. Кога беше во негови нозе топката најсигурно се осеќам. Гинеше на терен, го бркаше секој играч. Напад ретко кога направи погрешно додавање, едноставно си го играше тоа што му беше дадено од Мурињо. Стварно незнам што очекувате вие од Модрич па што зборите дека катастрофа изиграл.
 
Незнам што толку ви беше катастрофа вчера Модрич. Мене ми изигра онака просечно. Кога беше во негови нозе топката најсигурно се осеќам. Гинеше на терен, го бркаше секој играч. Напад ретко кога направи погрешно додавање, едноставно си го играше тоа што му беше дадено од Мурињо. Стварно незнам што очекувате вие од Модрич па што зборите дека катастрофа изиграл.
очекуват да помине 10 играчи и гол да даде..а не гледат дека имаше едвај 2 изгубени топки.ЕДВАЈ!! тоа што мрзеливиот Озил не се враќа да зема топка од него е друго 20...на Модрич тоа му беше дадено да игра-тоа играше//е сега што до него немаше деструктивец е кривица на Моу,и што мораше него да го вади за да игра деструктивец во играта оти првото не направија смешни.
 
Џабе да критикуваме оделни играчи кога тиња ни беше цела игра т.е ни е последно време, некако како да фали Марсело и Коентрао во тимот, Есиен е најдобар засега во средината, Модриќ катастрофа беше вчера, а Роналдо нема подршка на неговата страна, чекаме само кога ќе ја заиграме нашата игра...
Не ни беше играта толку срање како што викате.
Ќе го искритикуем Мурињо, иако знаем дека после мене некој ќе пише у стилот “да бе вие сте поголеми стручњаци од Мурињо“. Моето немора да биде вистина, ама ова е мое мислење.
Модриќ не беше катастрофа. Според мене изигра просечно, ама покрај ваква средина на Дортмунд се знаеше дека Модриќ ќе се изгуби. Прва грешка на Мурињо му беше ова, иако после мечот во Дортмунд се виде дека Модриќ неможе никако да игра на таа позиција против ваква средина на противникот. Ама очигледно тоа не беше доволно, па Мурињо уште еднаш ја напрае истата грешка. Место него, требаше да игра Есиен. Навикнавме да играме со еден “копач“ на средина, од кога се повреди Кедира ние со малку подобри противници бел ден не видовме (а богами и со послаби). Значи според мене, Есиен МОРАШЕ да игра од прва минута. Со него сигурно немаше да има толкав простор за контри на Борусија, а со тоа и така лесно примени голови.

Благодарен сум му многу на Мурињо за тоа што го прае у Реал, ама мора да се признае дека неколку клучни утакмици отидоа на негова душа. Еве ќе земем од скоро минато, оваа со Борусија може и не беше толку битна за да ја стаем у ист кош како онаа со Баерн. При водство од 2-0 после 15 минути, ЦЕЛОСНА ДОМИНАЦИЈА, само плашко може да се повлече место да им даде уште 2-3 комада и да спие цела утакмица.

Како и да ме сфатите, реков дека ова немора да биде вистина, туку само мое лично мислење.
 
Да играше у прво полувреме Бензема 4-0 ке водевме...

Само место Роналдо или место Игуаин ?



Као и да е Игуаин и Модрич ја ебале утакмицава.
 
Не смее да се игра со тројца плејмејкери на терен бе. Озил, Алонсо и Модриќ може само против боранија екипи, против јаки никако. Мора да се има разбивач. Плус Модриќ се гуши кога има „поважен“ играч за партнер. Модриќ е играч-лидер, тој да диктира да има целосна слобода. Вака со Алонсо е како втора виолина и се гледа дека не му иде. Плус пак ќе кажам, мора разбивач против јаки екипи. Тоа е целата „грешка“ и Мурињо сигурно ја знае.

Нападот ни е вон форма, поставеноста е иста но нема врска тоа дека не научиле сите. Сезонава во навалната четворка на еден натпревар двајца се тотално во „аут“. Лани забушаваше по еден, но тројца беа во форма на натпреварот па идеше. Сега се се половично. На пример ако Ди Марија и Роналдо се добри, Озил и Игуаин забушаваат и обратно... А до душа, на некои утакмици беа и сите тројца освен Роналдо во аут.

Мора да ги стегне кондиционо, кога го стори тоа пред еден месец видовме подобрување. Но заради тоа се исповредија... Мислам дека од вториов дел на ноември па натаму ќе тргне возот ко што треба.
 
Еве ја ко аметер обожавател на фудбалската игра ќе си дадам мое аматерско мислење и ќе се ставам во позиција на Мурињо. :)

Значи мојот тим игра утакмица во Германија каде Реал нема видено бел ден, против германскиот шампион тим кој го ебе Баерн како сака а ние сме му фак бади на Баерн. Значи одма дефиниција за пресериозен противник.

Излегувам со тим без класичен лев бек, таму ставам играч кој никогаш не играл на таа позиција а згора на тоа ни играчот пред него не врши никакви дефанзивни задачи за да му помогне да му ја олесни задачата. Што е тука е ...така наложуваше ситуација при повредите на Консентрао и Марсело. Ми се повредува деструктивецот и ми се руши концепцијата.

Таа утакмица е минато. Биднало што биднало ...нели од грешките се учи. Треба да научам од грешките но...НЕ. Излегувам со слична формација како во второто полувреме од утакмица во Германија. Незнам што ми се дешава. Дали мислев дека играме со Сарагоса... не ми го имаат кажано кој е противникот....

Самоубиство во самодбрана од прв степен. Пак без деструктивец пак иста грешка.

Пак примени слични голови по оставена озонска дупка на средината. На таа лева страна пенетрираше дуото Ројс - Пишчек ко на времето Танго и Кеш или во поново Пистолеро и Тонио Сан:cuc:

Десен бек игра ко лев принудно. Тој сиротиот далеку поспор од овие двајца плус нема деструктивец да му помогне плус Роналдо не врши апсолутно никаков пресинг да му помогне. Клоп ја увиде дупката и си го ебеше Реал по таа страна. Ни другата не беше поарна поради килавоста на Рамос но Ди Марија трчаше и за двајцата.

Нели се ставив на место на Мур...еве ај ќе си дадам формација со која би излегол и не би изгубил таков натпревар на ист начин пак.

Касиљас
Рамос - Варан - Пепе - Арбелоа
Есиен - Алонсо
Каљехон - Озил - Ди Марија
Роналдо
Ако веќе му беше замислата да оди на нафрлени топки кон Роналдо во второ полувреме со цел стигнување на негатива зошто не од самиот почеток при што плус дефанзивно ќе сме посигурни.​
Есиен ќе ораше по средината. Ди Марија ќе му помагаше на Арбелоа плус со левата нога дури и во трк ќе имаше подобри центаршутеви отколку да се мести на лева на десната крилна позиција.​
Каљехон ќе му помагаше на Рамос плус тој е деснак немаше да го има спротивниот проблем од Ди Марија.​
Роналдо немаше да мора да брка никој само ќе правеше брзи пробиви и ќе чекаше нафрлена топка бидејќе таму е подоминантен од било кој наш играч при нафрливање. Плус појак финишер од него немаме во тимот.​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom