Еве ја ко аметер обожавател на фудбалската игра ќе си дадам мое аматерско мислење и ќе се ставам во позиција на Мурињо.
Значи мојот тим игра утакмица во Германија каде Реал нема видено бел ден, против германскиот шампион тим кој го ебе Баерн како сака а ние сме му фак бади на Баерн. Значи одма дефиниција за пресериозен противник.
Излегувам со тим без класичен лев бек, таму ставам играч кој никогаш не играл на таа позиција а згора на тоа ни играчот пред него не врши никакви дефанзивни задачи за да му помогне да му ја олесни задачата. Што е тука е ...така наложуваше ситуација при повредите на Консентрао и Марсело. Ми се повредува деструктивецот и ми се руши концепцијата.
Таа утакмица е минато. Биднало што биднало ...нели од грешките се учи. Треба да научам од грешките но...НЕ. Излегувам со слична формација како во второто полувреме од утакмица во Германија. Незнам што ми се дешава. Дали мислев дека играме со Сарагоса... не ми го имаат кажано кој е противникот....
Самоубиство во самодбрана од прв степен. Пак без деструктивец пак иста грешка.
Пак примени слични голови по оставена озонска дупка на средината. На таа лева страна пенетрираше дуото Ројс - Пишчек ко на времето Танго и Кеш или во поново Пистолеро и Тонио Сан
Десен бек игра ко лев принудно. Тој сиротиот далеку поспор од овие двајца плус нема деструктивец да му помогне плус Роналдо не врши апсолутно никаков пресинг да му помогне. Клоп ја увиде дупката и си го ебеше Реал по таа страна. Ни другата не беше поарна поради килавоста на Рамос но Ди Марија трчаше и за двајцата.
Нели се ставив на место на Мур...еве ај ќе си дадам формација со која би излегол и не би изгубил таков натпревар на ист начин пак.
Касиљас
Рамос - Варан - Пепе - Арбелоа
Есиен - Алонсо
Каљехон - Озил - Ди Марија
Роналдо
Ако веќе му беше замислата да оди на нафрлени топки кон Роналдо во второ полувреме со цел стигнување на негатива зошто не од самиот почеток при што плус дефанзивно ќе сме посигурни.
Есиен ќе ораше по средината. Ди Марија ќе му помагаше на Арбелоа плус со левата нога дури и во трк ќе имаше подобри центаршутеви отколку да се мести на лева на десната крилна позиција.
Каљехон ќе му помагаше на Рамос плус тој е деснак немаше да го има спротивниот проблем од Ди Марија.
Роналдо немаше да мора да брка никој само ќе правеше брзи пробиви и ќе чекаше нафрлена топка бидејќе таму е подоминантен од било кој наш играч при нафрливање. Плус појак финишер од него немаме во тимот.