Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
како првооделенци :)))

anigif-1.gif
 
Вечерва е моментот кога треба да се уозбилиме и да ја започнеме сезоната. Сите сме свесни каков квалитет поседуваме, само еве годинава неговото излегување на виделина доцни. Вечерва имаме перфектна шанса, токму на Сантијаго. Играме против екипа која е еден можеби и од главните фаворити за годинашнава ЛШ. Играме против никој друг, туку шампионот на Англија. Верувам во Мурињо и во дечките. Вечерва мислам дека треба да се стави дознаење дека нема играње со Реал, на сите оние кој се осмелуваа да го критикуваат изминативе месец дена.

Вечерва незнам зашто, ама јас посакувам од прва минута да играат и Лука и Месут. Тоа ми е моментално единствената желба. Се читаме најверојатно пред натпреварот Мадридисти.
 
Пратеник Па сите очекуваме да освои пак со тој состав од лани. Што треба сега, да фатиме да ги продадеме сите и да ги купиме Агуеро, Тевез, Руни, РВП, Швајнштајгер, Крос, Густаво, Мартинез, Хазард, Дрогба, Бадштубер, Лам, Компани, Видич... Тогаш ваљда ќе бидеш задоволен од играта на Реал.
И не знам кои се тие второразредни играчи што играат моментално?
Во која димензија Кака е подобар од Кедира во централниот дел од теренот каде тој е ориентиран кон одбрана и спречување напади. Или сите се палите на Кака од Милан кој имаше тогаш здрави колена и брзина па можеше да ги мине стоперите од другите екипи многу полесно. Штета што сега не е истиот а тоа се виде во неговата игра минатата сезона, а тој пак кутриот не менува ништо во играта, штета што не е помлад 3-4 години. Истото срање е и со Торес од Челзи, вечно ќе ги чекаме да дојдат во форма, али они побрзо ќе се пензионираат него тоа.
Со ова што го кажуваш не си подобар од малите деца кои во состав ставаат голман, 4 одбранбени, и 6 шпицови во оние сликине за формациите. Кедира второразреден играч my ass.

Интересна е идејава Модриќ-Озил со Чаби и Кедира позади нив. Баерн лани во групната фаза на првата утакмица дома ги исплескаа со тоа што имаа повеќе посед на топка, и ретко мораа да се бранат, за разлика од нас што формацијата ни е таква да зависиме и од одбраната не само од нападот. Овие двајца можат да го овозможат тоа, ама најверојатно Мурињо ќе се придржува кон 4-2-3-1, а најверојатно Озил и ДиМарија ќе бидат на клупата. Се друго освен победа е фејл. Се надевам ќе станат озбилни од вечер за да се повратат како тим. Нема веќе простор за грешки.
 
Mанчестер Сити не е репер моментално за Реал, играат доста слабо, одбраната им е партал, средина неорганизирана ...Зборам од она што го гледав во Премиер досега од нив, мака мачат со нафрлени топки ...
 
vidooq А пак ние што играме со нафрлени топки, чудно нешто, сите голови ни се со глава дадени.
И Реал не е нешто најсјаен во формата. Додуша ја покажаа најдобрата игра против Барселона во купот во овие 2 години откако Мурињо е тренер, баш кога Реал не беше во форма. Шо ми е ебено чудно да губиме толку лесно од глупи екипи во Примера. Оваа вечер очекувам Реал да тепа без разлика со кој и да играме, пред се ЛШ е, нема 38 кола.
 
Имате играч кој има скок колку просечен NBA играч, се надевам ке го искористите тој факт вечерва ...
 
Би бил многу благодарен доколку посебно вечерва остави некој канал за SopCast HD или обичен.. :)
 
Редно е вечерва да се почнит со два напаѓачи,прво.Второ,редно е мислам Есиен да играт десен бек.....или пак Рамос бек,а Варан стопер.Трето,МОдриќ да изиграт цел натпревар од 90 минути,зш очигледно е дека ни е најрасположениот и најкреативниот играч во моментов.Епа ај да видиме шо ќе бидит ...
 
Редно е Реал да се врати се знае кој се и што се со срека вечер :)
 
абе куриња ке имат пренос на мтв,реал со сити денес или ке требит на нет да се гледат?
 
Once RM: Casillas; Arbeloa, Varane, Pepe, Marcelo; Khedira, Xabi Alonso, Essien; Di María, Cristiano, Higuaín.

Аууу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom