Drettica
Graxhanin of Severstan
- Член од
- 24 ноември 2008
- Мислења
- 12.625
- Поени од реакции
- 14.933
- Локација
- Гоце Делчев, Куманово, Македонија
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Албиолот во мене вика ДАРоналдо аут - Мело ин?![]()
Абе сите сте се распишувале за трансфери, па ај и ја да пишам 2-3 збора.
Прво, треба да се види колку сме (не)задоволни од сезонава, па потоа да се свртиме кон трансферите. Значи, мање-више, имавме една добра сезона, што за мене мала дамка става само возвратниот дуел со Bayern, ама за тоа веќе зборувавме така да ...а, да и првиот натпревар со Барса во Шпанскиот Куп!
Некој напиша погоре па само да парафразирам, зарем со 100 и кусур голови не сме задоволни од нападот? Греота е. Дали бил Бензема, дали Роналдо, дали Игуаин ... или пак било до јака инспиративност во средниот ред, веќе не е битно ... овој тим успеа да даде огромен број на голови, и го собори сопстевниот рекорд во ЛаЛига. Ако ова гол-шоу можат да го повторат и наредната сезона, пеки! Чувај ги сите!
Средината не е лоша. Колку помогна во креацијата на доста голови (Озил,Чаби), толку помогна и позади при бранење на сопствениот гол (Кедира,Чаби). Мене лично, само ако Барса успеа да не доминира во посед и контрола на игра(и немој пак Bayern), а во сите други ние диктираме темпо, воопшто не ми смета.
Одбраната е малце интересна. Не дека е нешто многу слаба, ама треба да се реорганизира подобро. Пепе, последно време ме изненадува се повеќе и повеќе, покажувајќи дека момакот не мора секоја топка да му ја одземе на противникот со лакт во ждрело, или крампон на стапало. Браво. Што се однесува до Рамос, јас едно време се спречкав со некои дечки тука на форумот за тоа каде Рамос е најкорисен. Мислам, ок, со киксовите што ги правеше последниве 3-4 месеци, и на клупа да беше, ќе не заебеше))) Aма Рамос своите најдобри и најатрактивни атрибути ги покажувал и сеуште е спремен да ги покаже на десната странична позиција. Тоа автоматски би му направило место на Варан на CD позиција. Малце може рискантен потег, ама вреди да се проба. На лево, сепак би го играл Марсело, не дека обраната му е јака страна, ама момакот го има она "мадридско" во него, да нападне без и најмалку респект. И дечкото ЗНАЕ да игра фудбал. Лично, кај него кога е топката во напад, најинтересен ми е за гледање, бидејќи никогаш неможеш да претпоставиш како ќе го одигра наредниот потег.
Касиљас ... му нема рамен.
Епа вака сега, при еден ваков распоред на фактичката состојба во нашава екипа. Зошто бе би барале трансфери?! Па да му ибам матер бе, остај екипата да се воигра уште подобро! Неќам да правам споредби, ама најголемата сила на до вчера(а и сеуште) моќната Барса и доаѓа од воиграноста на нивните играчи од мали деца. Не дека моментално тоа ние можеме да го реплицираме (а не дека и они или некој друг ќе може туку-така да го оствари ова во блиска иднина), ама сепак ако си составил една солидна екипа, со просек на млади играчи, ЗАДРЖИ ги! Од година во година, со добар водач, само подобри ќе станат!
Ќе биде и тоа доколку се пласира во Segunda DivisiónФорсирање на кантерата плус и купување на еден добар во одбрана дали бек, дали централен.
И доста е
Lucas Biglia reemplazo Xabi Alonso
Esta temporada Lucas Biglia ha disputado un total de 35 encuentros con el Anderlecht en los que ha
anotado dos tantos
ова е најсвежото кое е доверливо донекаде... изгледа Мурњио има фетиш кон името/презимето Лукас...
можда и Аца Лукас му е омилен пејач.![]()
По сите муабети, Биглиа е одличен играч и капитен на Андерлехт. Едно време и Јунајтед и Арсенал беа заинтересирани за него. Плус, Аргентинец е и јазикот и прилагодувањето не би требало да му бидат проблем.
Можеби нема да биде толку зелено на гостинските можеби ќе си остане златната боја но малку бледо зелена и нормално како и секогаш гостинските подобри99% ќе бидат овие за следната сезона...
![]()
![]()
домашниот не ми се допаѓа, гостинскиот класика си е супер... али ја сакам и црвените да си ги задржат за у ЛШ.![]()
Истиот муабет беше и за оние пред две сезони со жолти линии и на крај испадна дека се многу подобри отколку на сликите што беаАко биде овја, по срање дрес од овој одамна смо немале. Да не речем катастрофа!