Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
а што има везе распоредот на следните утакмици, ко демек не се учени не играле до сега среда - недела
ја бар верував дека ќе изиграме ко со Барса последната на Ноу камп, отворено со многу трчање и шанси за гол и хиго во напад, после 30 мин. ми беше јасно што сака да направи да се затвори и на нерешено да иде , ама ....
и се надевам дека сега у сабота ќе изиграме ко последната со барса , зашто ако иде на нерешено и се затвори знаете што ќе се случи- мисија баерн неуспешна
 
o_real_madrid_estadio_santiago_bernabeu-1309849.jpg
 
Касиљас​
Арбелоа - Пепе - Рамос - Консентрао​
Марсело - Кедира - Алонсо - Гранеро​
Игуаин - Роналдо​
И жабарите можат да ни подзавидат на катанаџово од последните 15минути вчера.​
 
“No hay nada como una buena remontatda en el bernabeu” (There is nothing better than a good comeback in the Bernabeu). :cool:
Тајм фор мотивејшн. ;)
 
Значи 4-5 постови со ред го споменувам Марија. Одкако се врати во игра, играта ни е катастрофа. Себичен е, а и не е во форма влезен. Не го разбирам Мур за некои работи. Кака повреден, одкако се опорави, никогаш не го стави во прв состав, само резерва. Сахин повреден, се опорави-не мора да коментирам.
Марија повреден, се опорави и сите наредни утакмици го форсира прва постава.
Реков дека триото Роналдо-Кака-Озил треба и мора да е прв состав, а после тоа може Марија да се уфрли и да донесе некоја свежина во тимот, барем да се растрча.
Никогаш не ми се допаѓал премногу како што некои го величаат тука. Да, знае да блесне, но со еден гол и го нема 10 натпревари. Не ми е некако, комплетен играч, пред се само што десната нога ја користи како штека, да не падне на земја.
И не ми е јасно, зошто го дадоа Робен а зедоа потполно ист тип на играч како него-Марија. Да годините на Марија можеби даваат некоја гаранција на подолги патеки, но искуството на Робен не може да се спореди со ова на Ди.
Не дека се правам поголем експерт од Мур, само си го кажувам моето мислење и ја пренесувам мојата слика...
btw
Мурињо: "Ќе се вратиме во Минхен и ќе играме финале" :)
се надевам дека нема повторно да му крадат копачки и дресови на играчите ... :D
 
Пишав и у темана за ЛШ, ваков пенал може да се досуди само во корист на Барселона.

И гледам скоро сите на форумов го одбегнувате првиот гол на Баерн, кој беше од офсајд. Густаво му сметаше на Касиљас, не можеше убаво да ја види топката од него, и ако не се лажам топката помина под неговите нозе. Во таква ситуација кога играч му пречи на голманот, се суди офсајд. Али ај..

пишав и јас за овоа,и јас мислам дека правилата се такви ама јбг, џабе е!!
 
http://www.zonalmarking.net/2012/04...what-type-of-player-to-use-as-the-number-ten/

Ја и не сум некој голем стручњак, али овие што го пишувале ова се.
Се е фантастично објаснето, по кој знае кој пат Мурињо заеба со улогата на Озил.
На почетокот требаше да им помага на Кедира и Алонсо, али не е кадарен тоа да го прави. Тој двоец на средина многу брзо падна физички затоа што речиси цел натпревар на тој дел се играше 2 на 3.
Иако пред натпреварот Хејнкес го ставав многу подоле од Мурињо, сепак се чини дека баш тој ги влечеше вистинските потези, додека нашиот панично се обидуваше да ги исправи работите.

И би го потсетил Мурињо на многу успешната тактика со која ја надигра Барса во последното Ел Класико:
http://www.zonalmarking.net/2012/01/26/barcelona-2-2-real-madrid-tactics/
 
На Реал, Баерн им се најголем баук. Кој прати одамна, знае за што зборам. Значи има некој уплав кога се игра против нив(налик она што го гледме последно време кога играме со Барселона), па така да и тие да не пружат ни 75%, нашиве се некако подредени да им играат со некаков огромен респект. Од секогаш било така од когаги пратам Реал, а да се играло против Баерн.

Сега, до негде разбирам и зошто баш овој натпревар беше одигран "на резултат". Збиениот распоред си го прави своето. Од друга страна кога ќе видиш, најголемата закана на Баерн беше убаво затворена (Робен и Рибери скоро и да не се видоа). Значи Мур направи добра контраигра на играта на Баерн. Но сега доаѓа она филозовско прашање. Кога водиш една екипа како Реал, треба ли секогаш да пробаш да наметнеш твој стил на игра, без да жртвуваш репозиционирање на играчи во дефанзивни улоги, или пак во однос на противникот, секогаш да спремаш различна тактика? Капа доле за Барса. Кој што сака нека каже, ама дечките и на Марс да ги пратиш ќе ја играат нивната игра, и секогаш ќе идат да ПОБЕДАТ. Без калкулации. Реал кон крајот на деведесетите ја имаше истата филозофија. Ми недостасува тој дух и жар во кој се играше секој натпревар од ЛШ.

Возвратниот со Барен? Ќе биде многу тежок. Не од што овој тим на Баерн е многу јак(Борусија неможат да ја победат 2 години,со Мајнц вадат нерешено одвај на домашен терен, од Базел губат во гости , итн), туку од некоја глупава историска референца дека еве играме со Баерн и треба да се посереме. Се надевам дека грешам и дека лесно ќе поминеме.

Со Барса? Уште стојам на тоа дека таму не губиме. За понатаму се е можно.
 
Највише ми е страв, водиме 3-0 на полувреме, и они да се вратат со 2 гола у второ. Е тоа ако се деси... :eek:
 
^
Манчестер и Реал не е еден исти клуб, не мешај. :)
 
Сети се како испадна Реал сезона 2006-07.

Сети се како во 2001-2002 Реал ја освои 9-тата титула во ЛШ. Смешни се да правиме споредби на тимот од 06/07 бидејќи од тогаш многу работи се сменети. Доколку имаме предност од 3-0 на Бернабе на полувреме против баварцине единствено што можи да се случи е да примат уште 2-3 голови. Баерн не е се којзнае што и не би бил изненаден да му начукаме повеќе од 3 гола.
Но за тој дуел има време, сега треба да се фокусираме на Ел Класико.
 
Наводно оноа што требаше да биде екскурзија низ Минхен се претвори у пораз од кој им зависи финалето во ЛШ. Лани беше Барса па ајде демек испаднале од најдобрите, ама сега бе брат. Еден Минхен кој не е ништо, кој го крка од Борусиа 2 години по ред како и оваа, а Борусиа играше без најдобриот. Па којшто сака нека каже, тешки будали има у овај состав на Реал. Роналдо колку и да дава голови, кога го видам вчера на секој обид да помине играч паѓаше на земја без никаков контакт скоро. Касиљас, најдобриот голман во светот, ќе испадне само најдобар кога брани за Шпанија, за Реал е тешка катастрофа последниве 3 години. Како малце да им е онај мајндфак од Барса овие 3 години. Па кој и да е ќе рече стоп, од утре ќе се сменам и готово. Незнам како ќе се одвива понатаму, ама го донесоа најдобриот тренер на денешницава и ништо не се случува на подобро. По поразот од Барса 5:0 на Кампот останав оптимист дека ќе се среди работава ама ништо. По ова вчера Реал покажа дека не е на нивото на Барса на кое се прави. На Реал не му беа криви судиите за оној пораз вчера. Едноставно нема карактер никој да излезе со нешто да ги направи работите подобри, да смени, да го направи Реал оној што беше порано , страв за противниците. Од првиот посериозен противник се сопнаа. Не сум оптимист ни за реваншот а ни против Барса в сабота. И да ги тепаат двете ќе ми остане она грозно чуство од вчера.
 
Се надевам нашите напаѓачи гледат Челзи - Барса и учат од Дрогба како треба да се реагира кога имаш една единствена шанса за гол.
 
Е такви работи ќе се случуваат кога се потценуваат противниците. Екскурзија во Минхен, каде Реал од 11 утакмици има 10 порази и 1 реми? Ахам, да. Башка, веќе спомнав, Баерн нема шанси за домашна титула, и со сите сили ќе игра против Реал. Ние ја немаме обезбедено титулата, и иде Ел Класико. Али хеј, што ви е гајле на вас, вие само сакате успеси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom