Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
А зашто да не,кога до сега има изиграно солидни утакмици,и давано голови.
али ипак у гетафе беше бољи:D

385846_10150411973080415_240839255414_8665802_1482504297_n.jpg
 
Karanka (09.12.11 - прес): Добро ни оди, во добар момент сме и секој со секој натпревар се соочуваме на истиот начин. Иако следниот натпревар е на некој начин различен, сепак е само уште еден натпревар и нема да го промени начинот на кој ги гледаме нештата, независно од резултатот. Точно е дека играме против директниот ривал, но нема потреба од промени. Играме за уште едни три бода кои нема да променат ништо.
Нормално дека нема да се обложам на нерешен резултат, како што беше и во Амстердам, знаевме дека сме квалифицирани,но излеговме за да победиме. Јасно е дека ако победиме утре ќе биде многу подобро, но инсистирам, каков и да е резултатот нема да го промени нашиот начин на работа.
Ќе игра или Benzema или Higuaín, кој – ќе видиме. Ќе играме за да победиме со 4-3-3, со Cristiano и Di María и со Benzema или Higuaín. Во средина ќе бидат Mesut, Kaká, Khedira, Alonso… има повеќе опции и тоа е најважно. Стартната 11к ќе биде соодветна за утрешниот натпревар, но не поради разликата на бодови. Во игра се три бодови и треба да излеземе за да ги освоиме исто како и на секој друг натпревар, затоа што не вреди да ги освоиш утре или на Camp Nou и да оставиш други 3 бода на други терени.
Имаме многу опции кога е тактиката во прашање, познат и добро увежбани и простудирани. Имаме добро научени лекции, се грижиме само за нашата екипа и знаеме како ќе играме ние, а тоа што ќе се случи на натпреварот ќе биде плод на нашата рамнотежа.
Arbeloa е повикан и се уште има време до натпреварот. Денес тренираше нормално и утре ќе видие дали ќе игра. Carvalho прво сака да се опорави комплетно. Ветеран е и важен е за екипата. Ако не игра не значи дека не е важен.
Многу пати до сега седнав на ова столче пред вас и многу пати објаснив зошто јас држам прес конференција а не Mourinho.
Пораката од сите е иста, нема потреба Mourinho да ми ја каже, се познаваме добро. Знаеме дека екипата ќе биде поддржана од публиката на Bernabéu во секој момент.
 
А ти, сериозно ова ? :cautious:
:D
а зошто што му фали на калехон?? си го покажа својот талент момчето во ЛШ и се согласувам дека е 5 за на клупа иако сеуште е далеку од првиот состав на зашто е слаб туку зашто конкуренција му се Кристијано и Ди Марија
 
О Боже...
Од обична заебанција овие ќотек ќе ни дадат DoctorWho :D
btw прочитав дека Каљехон во Јануари ќе преминел во барца ... нормално во пакет со со Роналдо ....
Ајде вадете сега палките, боксирачи, ножеви, топови ....
--- надополнето: Dec 9, 2011 5:25 PM ---
а зошто што му фали на калехон?? си го покажа својот талент момчето во ЛШ и се согласувам дека е 5 за на клупа иако сеуште е далеку од првиот состав на зашто е слаб туку зашто конкуренција му се Кристијано и Ди Марија
Муабетот беше за тоа кога играше во Гетафе .... :pos:
:tapp:
 
2011-12-07-banquillo-03a.gif

- Нема да играш на Класико!

2011-12-07-banquillo-04a.gif

- Нормален ли е овој бе !? Ти да играш ја да не играм !? Абе ај...

Бенз (у себе): - А мене ќе ме стави !? Или Игуаин !? М!? Што му се смеев... Ај да си ќутам најарно...
 
Не знам ни јас што сакам.. Од една страна сакам да испаднеме со дефанзивна формација со 3 DM, затоа што со таа формација видовме дека Барселона нема многу простор за игра и нема да може да ја развијат нивната препознатлива игра.. Како и да е во 90 ќе создадеме 2-3 добри шанси., како што беше во купот. Али сепак еден случаен гол на Барселона и цела таа концепција паѓа во вода. Не знам на каков друг начин ќе можеме да им дадеме гол освен како што кажав контра, и по некој слободен удар на Роналдо..

Од друга страна пак сакам да испаднеме со стандарната офанзивна формација, сакам да ги нападнеме од старт, да им извршиме силен пресинг, докажавме дека можеме со таа формација. Дефанзивната формација ќе значи дека Мурињо е задоволен со реми, али јас тоа не го сакам, сакам победа, сакам одмазда, сакам до наредното Класико да ги оставиме 15 бода зад нас, а ако го добиеме овој натпревар не ни се сомневам дека така ќе биде.

Во секој случај, верувам дека Мурињо има рецепт за нив. А ова е и еден друг Реал, Реал кој верува во себе и во своите можности.

Ваква нервоза никогаш не ме пукала, дури ни пред минатогодишното полуфинале.. Воглавно, цврсто верувам во победа.
 
А уште си ми лут :D И зашо :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom