Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

capturmqm.jpg


од официјалната.... :)
 
Мурињо со пофалби за Роналдо: 100 гола за Реал Мадрид е фaнтастична бројка.....Кристијано Роналдо беше ѕвездата на Реал Мадрид во победата на гостувањето кај Лион, три бода со кои Кралевите се пласираа во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите.

Роналдо беше стрелец на двата гола за Реал и дојде до 100. гол или 101. според шпанскиот весник Marca (Во својата статистика Marca му пресметува еден гол на Роналдо кој според официјалната статистика на Примера, не е запишан зад името на Португалецот).

Жозе Мурињо има само пофалби за Кристијано Роналдо.

"Тоа е неверојатен рекорд. Да постигнеш 100 гола за Реал е фантастично. Особено е тешко да постигнеш два гола тука во Лион каде што историски имаме негативен рекорд" - вели Мурињо.

Сепак, за Мурињо најважен е клупскиот успех, а не индивидуалниот.

"Сепак ние сме насочени кон тимските резултати, не индивидуалните рекорди. Најважно е тоа што ги освоивме трите бода, игравме добро и се пласиравме во следната фаза".

Запрашан чувствува дека оваа сезона е поинаква од минатата, Мурињо одговори: "Што се однесува до Лигата на Шампионите, мислам дека го правиме истото што го правевме и лани".

"Минатата сезона имавме пет победи и едно реми во групната фаза. Имавме многу добра Лига на Шампиони се додека не дојдовме до полуфиналето каде што загубивме од Барселона, во дуел каде што не беше возможно да одиграме подобро".

"Но ние секогаш се обидуваме да се подобруваме и мислам дека тоа добро му оди на тимот оваа сезона".
 
Честито победа и мило ми е што Роналдо за нецели 3 сезони постигна 100 погодици,нека му се множат.
Одлично е,сезонава сме страшни и се надевам дека ќе продолжиме со исто темпо и ќе нижиме само победи.
Hala Madrid!
 
Уште многу голови да дадеш царе.

152289hp2.jpg


Satellite

 
Незнам дали е постирано ова ама еве ќе го стаам
Марадона беше еднаш во посета на Интер кога беше Мурињо и еве го сега во Реал . Најдобриот фудбалер на светот со најдобриот тренер :):):)

http://video.gazzetta.it/mourinho-maradona-coppia-d-assi/818bdf7e-03e0-11e1-8ae9-6bdabdc593a3
Ова се најубавите моменти во фудбалот!!!
--- надополнето: Nov 3, 2011 1:41 PM ---
Да не му се нафурал Кедира нешто??? Ко да сака бох да му мавне :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom