Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
најлгупиот тандем во историјата на фудбалов го имаме
Рамос-Пепе
уште се мислам кој е поглуп
 
Ако се планира десен бек пак истиот стоперски тандем и пак ќе има :facepalm:
Подобро Mats Hummels тандем со Пепе, Рамос десно :cautious:
 
1.Еден од Пепе и Рамос на клупа да му остави простор на Варан. Рамос може место Арбелоа и нека си остане таму се додека има полесни утакмици. За ЛШ сеуште верувам дека Рамос и Пепе централно можат да извадат нешто повеќе.

Единствено ме мачи фактот што Мурињо не менува ништо во средината после толку лоши утакмици сезонава. Озил сега е во форма а тимот игра сеуште лошо. Значи не е проблемот во него, џабе го вадеше на толку утакмици. Проблемот е во двојниот пивот на средината, очигледно само тој останува на мета.
ДиМарија го изгубил фудбалскиот талент некаде сезонава. Роналдо промашува 100% шанси, многу повеќе сезонава несвојствено за него. Играме без напаѓачи, односно ги има на терен ама не покажуваат ништо.

Како и да е, 2 гола против Еспањол, 2 гола против Малага, повеќе од доволно да се решат тие екипи. Целата вина во тие резултати паѓа на одбраната и нивното примање голови. Не успеаја да се консолидираат така да мораше нешто да се смени. Најлогично според мене беше да Мурињо ги ротира како што пишав под 1. Ама Мурињо не прави ништо од тоа. Го смени Касиљас за Адан. Проблемот не е во голманот, проблемот е во четворката пред него. Ич не ме засегна фактот што го смени Касиљас ( бидејќи реално нема ништо капитенско во него веќе останато на теренот, добар е само пред камерите), туку тоа што се фати за погрешна промена. Срање ни се бековите а тој ги остава на игра, а го менува голманот кој сосема добро си ја работи работата.

На крај не сум ја човекот што има тренерско искуство, тој е, ама да не ги увидува проблемите во Реал е смешно.
Што знам, ми делува дека сака да добие отказ што побргу. Не е својствено за тренер од неговиот калибар да прави вакви аматерски потези.
 
6162705_700b.jpg


Raul Albiol in action.
 
Незнам дали вие приметивте, ама кога играа Модриќ-Кедира/Есиен на средина, многу полесно игравме. Факт е дека Чаби годинава е ужас, од грешни пасови, до оставање многу простор на средина која ни ја проаѓаат како да не постои.
Најјакиот дел лани ни беше токму средината, Чаби и Кедира не оставаа многу простор, па затоа и примавме помалку голови. Сега тоа го немаме, па ако се земе во предвид дека и Рамос е како мува без глава...
Како и да е, ако продолжат вака црно ни се пишуе годинава.
 
Жозе ако биде избркан ќе биде голема грешка. Уште не е изгубена сезоната.
Ако знаете на што мислам?! Чуда се можни ;).
 
Од една страна лошо би било да се избрка Мурињо во овој дел од сезонава, бидејќи стварно незнам колку нешто тоа би помогнало, туку уште толку ќе се смешаат работите.А плус нели и докажа дека со овој тим може да постигне успех - им зема титула на Барселона од пред нос а и во Супер Купот ги порази. Реално гледано една онаква Барселона на две полиња да ги добиеш во една сезона, не е и баш мал учинок.
Ама од друга страна Мурињо не смее да игра на таа карта, и да делува толку индиферетно. Кај тактички ништо позначајно не пробува да смени, кај па уште не ни покажува најмала доза на загриженост и вина. Можеби и баш поради тоа е нели "Специјалниот". Само работите во Реал нема да стојат баш така едноставно. Иако се гледа дека на лигата не и се даваат веќе никакви шанси, што поради наши смешни порази, што поради супериорноста на Барселона оваа полусезона, ама сепак публиката на Сантијаго не е навикната на калкулации - во стилот, "ај губиме тука, ама кога ќе распалиме во Лига на Шампиони, пердуви ќе летаат" ... Тоа не поминува со мадридската публика. Победа на секој натпревар и 100% посветеност, посебно кога не и иде на екипата.

А гледам Мурињо иде баш на таа карта. Ќе проба со сите методи да им темпира форма за двомечот против Манчестер... само дали ќе издржи на клупа до тогаш. Не за друго, туку работиве што ги почна со Касиљас не ми мирасаат на добро.
 
Значи сите ја уклучија, само МахТВ уште се прават будали и сигурно ќе бараат да се доплаќа за Прајм (ако ја уклучат)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom