1.Еден од Пепе и Рамос на клупа да му остави простор на Варан. Рамос може место Арбелоа и нека си остане таму се додека има полесни утакмици. За ЛШ сеуште верувам дека Рамос и Пепе централно можат да извадат нешто повеќе.
Единствено ме мачи фактот што Мурињо не менува ништо во средината после толку лоши утакмици сезонава. Озил сега е во форма а тимот игра сеуште лошо. Значи не е проблемот во него, џабе го вадеше на толку утакмици. Проблемот е во двојниот пивот на средината, очигледно само тој останува на мета.
ДиМарија го изгубил фудбалскиот талент некаде сезонава. Роналдо промашува 100% шанси, многу повеќе сезонава несвојствено за него. Играме без напаѓачи, односно ги има на терен ама не покажуваат ништо.
Како и да е, 2 гола против Еспањол, 2 гола против Малага, повеќе од доволно да се решат тие екипи. Целата вина во тие резултати паѓа на одбраната и нивното примање голови. Не успеаја да се консолидираат така да мораше нешто да се смени. Најлогично според мене беше да Мурињо ги ротира како што пишав под 1. Ама Мурињо не прави ништо од тоа. Го смени Касиљас за Адан. Проблемот не е во голманот, проблемот е во четворката пред него. Ич не ме засегна фактот што го смени Касиљас ( бидејќи реално нема ништо капитенско во него веќе останато на теренот, добар е само пред камерите), туку тоа што се фати за погрешна промена. Срање ни се бековите а тој ги остава на игра, а го менува голманот кој сосема добро си ја работи работата.
На крај не сум ја човекот што има тренерско искуство, тој е, ама да не ги увидува проблемите во Реал е смешно.
Што знам, ми делува дека сака да добие отказ што побргу. Не е својствено за тренер од неговиот калибар да прави вакви аматерски потези.