Ајде по подолго време да пишам и јас.
Според мене најголема кривица за целокупниот (слободно ќе си дозволам да кажам) никаков период за Реал е состојбата во тимот. Значи доволно е само еден да придонесува за несигурност во тимот, за понатаму се да излезе од посакуваниот колосек. Да, во ред е сето тоа што Икер излегува во јавност со некои свои мислења, ама се додека е во граници на нормалата, не? Пред се ако не му даде поддршка на својот тимски играч од старт треба да е свесен за последиците. Играта во тимот ја дели со уште 10 луѓе, кои според него треба да бидат многу поважни од оние другите. Без потреба настанува некое дисбалансирање.
Но, зошто секогаш мора да се споменуваат и повредите како важна кривица? Да, не викам дека немаа многу повреди и ред други работи, но тоа е игра, мора да се адаптираат, а не да се чека. Ротации ??? WTF ??? Нешто од типот на експериментални глувчиња, или ???
Но, играч од калибарот на Икер сметам дека не треба да си дозволува вакви работи. Сега после се излегува дека секој ќе игра според своето моментално располежение, според тоа дали има желба за играње или не (Озил на пример) или па на крај ако влезе во гол океј, ако не здравје...демек дај шта даш ...
Слогата во тимот и нивното меѓусебно разбирање се едно од најважните причинители за успех во екипата. Кога тие самите ќе се согласуваат меѓу себе тогаш се ќе оди многу подобро.
