Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Со денешнава лесна и рутинирана победа и 99 % влез у полуфинале, Мурињо ја има можноста во реваншот комотно некои од клучните играчи да ги одмара за утакмицата со Валенсија.

Но прво, Осасуна..
 
Maда мислам дека овие од Памплона ќе го јадат стапот и тоа на големо. Чисто за да им даат до знаење на нив и на останатите тимови со кои треба да се игра дека титулата годинава ќе се прославува на Сибелес!
 
Многу ми е мило за Сахин. Посебно за Кака ! Кака последниот период како да е прероден, како допрва да влегува во top player иако е докажан предходно.
Мојот идеален Реал во моментов е
----------------------------Икер------------------------------
Арбелоа---------Рамос--------Варан--------Марсело
-----------------Алонсо----------Сахин-----------------
-------Озил------------Кака--------------Роналдо------
-------------------------Бензема--------------------------



Уф, си го прочитав мислењето одкако го постирав(да не имам некоја грешка) морници ме полазија кога го видов составот :)
 
Најважниот натпревар за Реал во последните 3 години.

И најтешкиот ...

Браво за денешниот натпревар. Сахин е играчиште. Овие од Апоел не мислев дека нема ни еден напад да направат.. ама тоа е, јаки сме шо да речам друго :icon_lol:

Овој викенд имаме стварно тежок противник. Со оглед на тоа дека ги пониживме кога ни дојдоа дома и им дадовме 7 ќе сакаат да ни вратат уште повеќе. ( Сетете се Барса им даде 8 и видете како си поминаја во Памплона :D ) Таму од секогаш било тешко за гостување, за сите екипи не само за нас. Тврд тим се, имаат јака поддршка од трибините, и скоро секогаш ни даваат гол кога играме таму.. а повеќе пати и заводуваат први. Меѓутоа кај нас се враќа Ди Марија, го имаме и Сахин, Кака е во одлична форма, и мислам дека ова е најважниот натпревар за нас сезонава, и ќе го добиеме, па макар тоа да биди и со 0:1 !!

HALA MADRID !
 
Многу ми е мило за Сахин. Посебно за Кака ! Кака последниот период како да е прероден, како допрва да влегува во top player иако е докажан предходно.
Мојот идеален Реал во моментов е
----------------------------Икер------------------------------
Арбелоа---------Рамос--------Варан--------Марсело
-----------------Алонсо----------Сахин-----------------
-------Озил------------Кака--------------Роналдо------
-------------------------Бензема--------------------------



Уф, си го прочитав мислењето одкако го постирав(да не имам некоја грешка) морници ме полазија кога го видов составот :)
Ја би напраел две измене:​
-- Икер --​
- Лас - Рамос - Варан - Марсело -​
- Чаби - Сахин -​
- Ди Мариа - Озил - Роналдо -​
- Бензема -​
Ди Мариа и тоа како фали. Постојано игра пресинг, не ги остава противниците да земат здив а камо ли комотно да си играат на средина или во одбрана, брз, пробивен, дриблинг, за асистенциете ич да не праем муабет. Многу фали, дефинитивно!​
За Лас, како што кажав пред некој ден, за Арбелоа е - Мичел Салгадо :)
За другото и ја се сложуем, Варан јес да нема искуство ама Пепе у последно време го дрибла кој ќе стигне. Само фаул знае да напрае, го немам одамна видено да одземе некоја чиста топка.​
Клупа: Пепе, Кедира, Каљехон, Кака, Игуаин...перверзие :)
 
- Икер -​
- Рамос - Пепе - Варан - Марсело -​
- Алонсо - Сахин -​
- Ди Мариа - Озил - Роналдо -​
- Бензема -​

Инаку Рамос страшно ме нервира во последно време со неговите фаули и фолирања...
 
Игуаин порано беше пожив и побрз. Се здебелило детето премногу тром ми делува... пуштил газ ко распуштеница:icon_lol:
Да му се фатиш, барем празен гол не промашува.:D

Него со Осасуна, Сабота или Недела играме?
 
Еднаш ТЕЛЕ,засекогаш ТЕЛЕ!

Незнам што ве импресионираше толку Сахин ?
Играта што ја играа он и Кедира беше рутинска,и Албиол да играше вчера би го изиграл истото :).Квалитетот на Сахин не треба да се мери против таков противник.
 
Вчера гледав негде до 65та минута ваљда и после заспав...не дека Реал играше досадно, едноставно многу уморен бев.

Од она што го видов, се гледа познатото мотивирачко дејство на Мурињо, Роналдо, Игуаин, па и Бензема се утепаа од трчање и вршење пресинг насекаде низ терен, ретко кој друг тим го може тоа.

Разликата од поранешните пресинзи (на пример, со Барса) е во тоа што овојпат не прекинуваа цела утакмица, не се уморија, не паднаа во кондиција. Ако можат да играат вака и против Барселона, ЛШ и титула не бега, не само оваа година...туку и наредните.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom