Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе Елче два пати да ти е пред победа у рок од 5 дена :pos:
Со ПСЖ нејќеме да играме или не
 
Перез е председател на векот, какви шеми му се вратат само во глава секоја чест. Со галактикоси, бизниси, суперлиги, еве сеа со стадионот, баш го гради фараонски да му остане за навек, па со реклами и спонзори, реално чоеков гази на сите полиња.
 
Значи Американците ќе можат да го користат стадионот 20% ако разбрав добро, останатото сеуште е во игра.

400 милиони.

Стадионот отворен за 300 настани госишно.

Пази, ќе правеле некој си sky walk околу стадион (ваљда нешто како трговски во самиот стадион, на висок спрат) и поканети се ресторани и слични курци палци да си изнајмат простор.

Сите тие 300 настани: утакмици, концерти, незнам какви настани, ќе имаш море народ што ќе сака да јаде, пие... Ем луѓето задоволни, ем ти мака немаш, само си цепиш пари од ќирија.

Да си ибиш бизнисот да си ибиш, ете кај ќе научиме нешто :D
 
Значи Американците ќе можат да го користат стадионот 20% ако разбрав добро, останатото сеуште е во игра.

400 милиони.

Стадионот отворен за 300 настани госишно.

Пази, ќе правеле некој си sky walk околу стадион (ваљда нешто како трговски во самиот стадион, на висок спрат) и поканети се ресторани и слични курци палци да си изнајмат простор.

Сите тие 300 настани: утакмици, концерти, незнам какви настани, ќе имаш море народ што ќе сака да јаде, пие... Ем луѓето задоволни, ем ти мака немаш, само си цепиш пари од ќирија.

Да си ибиш бизнисот да си ибиш, ете кај ќе научиме нешто :D
Ама изгледа малце не си го сфатил договоров со американскава компанија.

Договоров на Реал со американскава компанија Legends е ненормално добар и генијален. Зашто не само што ќе генерира околу 400+ милиони годишно на Реал, туку ќе генерира пари и за градот Мадрид, бидејќи на новиот стадион ќе може да се приредуваат концерти, кошаркарски утакмици, егзибициони натпревари, NFL утакмици.

Компанија Legends е исто партнер фирма со UFC, со Yankees, со други NFL тимови, со Вимболдон - така да нема да бидам изненаден ако се од ова се организира на Бернабеу во иднина (освен Вимболдон, нормално).

Е сега, најголемата конфузија со бројките настанува тука. Значи Реал нема да добие 400 милиони кеш на сметка секоја година. Туку американскава компанија Legends му вика на Реал "дај ни право да организираме се и свашта на стадионов и ние ти гарантираме дека од настаните што ќе се организираат, клубот ќе има профит од 400 милиони евра годишно." Со тоа што исто така, компанијава се обврзува доколку не се остварат тие 400 милиони кои ги проектираат, она да ги покрие.

И да, договоров официјално сеуште не е постигнат, ќе биде на 25 години и Реал би требало да го осети бенефитот од истиот после осмата година.
 
Како и да ја свртите работата, пак исто е. Додека секој клуб во светот кубуреше да опстане и трпеше тешки загуби (вклучувајќи го и Реал) од Ковид кризата, Перез успеа да изгради еден грандиозен стадион. Го задржа тимот на високо ниво и да се компетитивни во секое натпреварување.
Приходите од стадионот и клубот во глобала во време на Перез и пред ова беа доста големи. Сега после завршувањето на стадионот,само можеме да претпоставиме колку се на се ќе зголемат.
И вака го води клубот, се со self generated funds, не арапски, кинески или што ти ја знам какви финансиски инекции.
Попрагматичен и ефикасен директор во фудбалскиот свет, не верувам да постоел.
 
Се изглупира Анчелоти максимално, имаш играчи кои останаа во Мадрид и тренираа додека траеше паузата а ти директно од авион ги ставаш Винисиус, Родриго и Касемиро. Ај тоа што се изглупира па и измислува некои формации, лажна деветка курци палци. Ако продолжи вака ништо чудно и Ла Лига да не освоиме.
 
Цела утакмица изигра без шпиц (два шута немаа цела утакмица), цела утакмица изигра Асенсио (незнае кај тера долго време батето), Иско го става (ваљда да ја умртви играта и да идат на пенали :ROFLMAO:).
Смрдеше цела утакмица дека следи испаѓање од купов. Одлуките во текот на натпреварот од Карло само ја засилуваа реата.
 
Пишав и претходно дека ке му умре некој играч на терен до ПСЖ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom