Бензема вчера беше лесно најдобриот наш играч на теренот.
Моментално има 3 главни проблеми во тимот:
1. Немањето на голгетер.
Да, пишав погоре дека Бензема одлично одигра, си даде гол, си заработи пенал, но фали уште еден играч кој ќе гарантира голови. Бејл, тоа не е. Колку и да може да ја извади со потег утакмицата, толку и знае да не влезе у ниту една шанса за гол. Исто и Асенсио. Тука ни фалеше tap in педерот, да ги искористи создадените шанси.
2. Иско.
Му донесоа тренер кој демек го вадеше максимумот од него во репрезентација, дркаа на него и на бесполезните дриблинзи медиумите и фановите, тренер со кој он требаше да биде централен дел и мотор на тимов, а на пријателскиве досеа и вчера, Иско е дно.
Се покажува повторно дека е само играч за ротација и играч за улога во тимот. Улога да ја скрие топката на противникот, неправејќи ништо продуктивно за напаѓачите. А вчера ни за тоа не го биваше.
3. Продавањето на Ковачиќ
Не само што со неговото шиткање (знам дека е позајмица но неговата приказна со Реал е завршена) ја губиме долгопланираната инвестиција како замена за Модриќ, туку ја губиме и замената за Касемиро. Вчера откако Касемиро искочи, Реал се распадна. Премногу значи за екипата и немањето негова замена ќе резултира увек со ваков распад систем.
Очигледна повторно е и презаситеноста на играчите. И Лопетеги имаше катастрофални замени. А и одбраната буквално поклони 3 гола на противникот ко да се Кариус.
Дали може нешто да се поправи во преостатокот од трансфер периодот со нов играч?
Може, лупни им на Бајерн колку и да сакаат за Лева, кога веќе и самиот тој сака да иде.
Само ми се чини дека овие ќе го направат она најглупото можно. Ќе купат уште еден играч од среден ред, онаму каде што имаме милион и ќе се створи уште поголем хаос и со минутажи и со ротации и со формации. Или па нов голман да донесат, кратки сме таму...