Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
А со Итурбе до каде е работата?
 
Се надевам дека Зизу ќе прекини да изиграва САФ и ќе пазари.
Лани убо се заштеди и со продажба на Бејл би било супер за три играчи.
Мариано ако има бај бек би ни дошол супер или па некој шпански напаѓач(Санти Мина) . Англичани никако. Реална опција би била Азар, колку шо знам нема потпишано нов договор. Супер би дошол и Нејмар али финансиски мн лош трансфер според мене. И еден дефанзивец оти таму сме најтанки. Кој било искусен 30+ години за ротација.
 
Од Пилар подобра нема :)
 
Летово или ќе ги купат Де Геа и Мбапе или ќе го истераат инаетот дека ги одбија па ќе тргнат по други. :D
Реално ова е тоа што му треба на тимов за следната сезона. Да го задржат Роналдо (знам дека испадиве му се за внимание и за изнудување на нов договор) и да го донесат Мбапе наместо Бејл, да го земат Де Геа, со тоа што ќе го продадат Кико Касиља и да донесат еден централен дефанзивец. На десен бек би му дал шанса сезонава на Аршаф, Маркос Љоренте може да лета, Борха Мајорал исто би го летал и место него или би го вратил шпицов што ни е на позајмица пратен во Рајо Ваљекано или би го земал бразилчено Вициниус или како и да се вика. Ако го купат Нејмар, се низ брдо надоле ќе отиде.
 
Навас нема шанси да сака да биде резерва, човекот има 3 ЛШ зад себе, колку и да го сака клубот ова ќе му биде уште еден удар за него, така да оправдано ќе сака да оди. Веројатно и Јунајтед би го побарале во трампа ко таа што пропадна, затоа што тешко во тој случај Навас би бил најевтино достапниот квалитетен голман. Поверојатно тоа ми е него трампа за Бејл.

Но тука игра и инаетот на Перез исто ко за Мбапе. Ако му е уште напизден за тоа што им го направија лани, пре Нејмар ќе го земе него нинџата. Па така и со Де Геа ма да мислам дека тоа помина, ги залежаа раните.

Бејл ако е здрав би го оставил без размислување. Ама тоа ако кај него е огромно, со оглед на минатите повреди. Сезонава му беше дадена трета шанса, пак се повредуваше. Во вторава полусезона очигледно успешно му ги дозираа утакмиците (ко на Роналдо) да се сочува и да ни донесе еве титула, ама црепот сакал да игра константно, се чубствувал добро. А изгледа и со Роналдо и не се веќе добри другарчиња, така да останување на двајцата ми е тешко веројатно.

Јас искрено Хазард не знам дали би го сакал. Некако ми е неконстантен за играч од таков калибар, знае да го снема на битни утакмици, но одамна е желба на Зидан и сезонава ради неиграњето на Челзи во ЛШ е идеална прилика да би го купиле. Кај Мо Салах па ми е сумливо тоа што има изиграно само една ваква суперсезона досеа, дали може да ја повтори. И Мбапе да има 1 и пол сезона таква ама тој е уште копиле и има голем простор за напредок. Нејмар е индивидуално најквалитетниот ама и најгоелм ризик во поглед на рушење на атмосфера во тим.

Овие лепотаниве што ги земаа лани би ги оставил сите освен Борха и Себаљос. Вториов е овогодинешниот Хамес, жртва на инаетот на Зидан. Ма да и тој е сам крив, убаво му налагаа да остане уште една сезона на позајмица во Бетис, ќе си играше сеа константно, ќе се доразвиеше и позрел ќе беше спремен да улетува во комбинација кај нас. Вака сеа пак ако го земе Бетис на позајмица би било добро, ќе има минутажа ќе игра во ЛЕ и ќе си се врати ко Васкез. Но и типот е очигледно малку лев.

Мене ми е страв да не ја растуриме средината и се деси некое шокантно заминување на Кросс или Модриќ, или па уште полошо Ковачиќ. Не би сакал да го испуштиме дечкото, во него има страшен потенцијал, Зидан сам има кажувано колку е импресиониран од него и способноста да игра секаде во средниот ред. Лука е пак ко Роналдо, таман мислиш дека е готов, братот доминира, сезонава ни беше најдобриот и најконстантниот поединец. Ако Тони и Касемиро цркнаа у вториов дел од сезонава, овој беше ко на батерии. Ликот е цар, доминира и во и вон терен, со дозирана минутажа има во него уште доста врвен фудбал.

Исто и не се знае како би реагирале Иско и Асенсио ако дојде некоја ѕвезда иако мислам дека овие клубот нема теорија да ги пушти затоа што се двајцата најквалитетни Шпанци што ги има.

Тео Хернандез го заборавив од ланските новајлии, овој е убедливо најслабиот поединец, заедно со Ваљехо можеби, ама не глеам па кој друг лев бек би зеле таму.

Ако лани ги собираа шпанските таленти годинава мислам дека ќе одат дефинитивно на купување една суперѕвезда и нема да ја направат ланската грешка. Без натрупување, ако си оди еден, да се купи еден, ако одат двајца, двајца нови и тн. Мора играчи штео ќе имаат мотивација да се докажат на секој меч и во Ла Лига, пошто очиглендо е дека моменталниве се мотивираат строго на ЛШ.
 
Алисон
Карвахал - Варан - Рамос - Марсело
Модриќ - Касемиро - Крос
Хазард
Бензема - Нејмар
Алисон
Карвахал - Варан - Рамос - Марсело
Канте - Касемиро - Али
Хазард
Кејн - Нејмар​
 
За Навас знам дека нема да сака да седи резерва, стварно е одличен голман за мене никогаш немам ништо лошо кажано за него, дури ни после киксовите против Јуве. На човекот секоја сезона му зборат дека ќе му донесат нов голман, и пак си ќути и си одработува како прав професионалец. Се нема побунето за ништо, си се избори за да биде прв голман во Реал, никој не му ја има поклонето позицијата и не има стварно вадено од доста гомна, кога одбраната не е на ниво (а често беше случај тоа сезонава) он беше тој што не вадеше. АМА, Де Геа си е Де Геа. Шпанец, моментално најдобар голман во свет, го глеаш и се чудиш. Така да освен во некое сценарио каде што би се поделила минутажата со тоа што едниот би бранел лига, другиот купови, јас секогаш и покрај напишаново би го трампал Кејлор Навас за Де Геа.

Бејл мислам дека скоро сигурно ќе си иде. Доста шанси му дадоа и секоја сезона се повредува. Сите сме свесни дека е прејак играч, ама јебига повредите премногу го кочат. Кога не им идеше на Роналдо и Бензема, и кога фалеа голови во нападот тогаш Бејл беше повреден. Не ни треба играч, со толкава плата што ќе игра 50% од натпреварите во сезоната. Башка и сам изјави дека не сака да го штедат, дека сакада игра секој натпревар, а тоа мислам дека веќе и на него му е јасно дека во Реал нема да може да се случи.

Мбапе е перфектната замена за него. Има идол во Зидан и во Роналдо, ќе им дефинитивно од кој да учи. Послушен е, не е некој што ќе се курчи во соблекувална, како Нејмар на пример. Башка ќе може да покрива на повеќе позиции, ќе можат да се прават формации за него каде што ќе игра и како десно крило и како напаѓач. Знам дека Перез е инат, си има навика да ги одјебава сите што му свртеле некогаш грб на Реал. Така направи и со Озил, така направи и со Ди Марија. Ма да, мислам дека ако Зидан притисне, ќе се издејствува трансфер за Мбапе. Уште стојам на тоа дека ќе биде он the next big thing, а такви играчи мораме да ги зимаме пред конкуренцијата.

За Хазард го делам твоето мислење. Квалитетен е нема збор, ама не е лидер. Не е некој што ќе ги земе работите во свои раце кога ќе биде густо. Секогаш кога Челзи е очаен, он е тој што се уклопува во сивилото место да отскокнува. Можеби грешам, не знам, ама мислам дека Хазард не е тоа што му треба на Реал моментлно. Иско и Асенсио шанса нема да дозволи Перез некој да ни ги земе, поготово не Асенсио. Исто така после Чаби Алонсо мислам дека нема да дозволат некој од главните играчи во средината да си отидат, поготово не Модрич и Крос, а искрено и не гледам причина зашто некој од нив двајца би сакал да си иде од Реал. Е сеа Ковачич е проблем, тука мора малце Модрич да помогне и да извлијае на него да остане. Што се однесува до Реал и Зидан мислам дека не сакаат да го продадат Ковачич, ОСВЕН ако он самиот не изрази желба за трансфер. Не смеат да го продадат, едноставно преквалитетен е.

Од манекениве, Маркос Љоренте со ништо не ме убеди дека заслужува да игра за Реал. Себаљос мора да сфати дека мора да отиде некаде да позајмица барем една сезона, зашто конкуренцијата во Реал моментално е енормна, а он како најмлад и најнов во клубот не смее ни да помисли дека ќе стартува пред Асенсио, Иско и Лукас Васкез (играчи што иско како него влагаат од клупа). Тео Хернандез би го оставил, реално како замена за Марсело е одличен. Млад е, снажен е, има одлични предиспозиции, да не заборавиме и Марсело беше поплава кога дојде на почеток. На Аршаф би му дал шанса исто, не знам, до сега се што изигра изигра на задоволително ниво. Ваљехо не ме бендиса, место него би земал централен дефанзивец. Начо е одличен, ама кога беше он повреден и Рамос суспендиран против Јувентус видовме каква несигурност се осеќаше во одбраната.
 
DeR238AV0AEfyof.jpg
 
Продолжувањето на неверојатните изданија во ЛШ зависи од тоа колку ќе траат Роналдо, Модрич, Рамос и Марсело. Така што овие 4 ќе треба воопшто да не се појават во купот и да одмораат на 7-8 утакмици во лигата. Модрич и на повеќе. За таму ќе треба да се пазари голгетер, а во зависност од тоа како ќе заврши Бејл и јако крило.
Исто Карвахал имаше ужасна сезона. Дури и подобро е што се повреди во финалето. Секој пописмен играч 3 од 4 пати го дрибла затоа што изигра страшно неинтелегентен фудбал и е мува без глава. Исто премногу се повредува, па конкуренција тука е препотребна.

Повторувам во овие сезона или две клучно е да се напаѓа уште појако ЛШ, со оглед на годините на Роналдо и Модрич. Откако овие двајца ќе си отидат би требало да следи пад, намалување на амбициите и поголем фокус на лигата.
 
петиција ЕлНињо да се врати на форумот со анализите..

:ojeaa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom