Ако имаше место за него у овај Реал на Зидан ќе добиваше некоја шанса барем.
Се гледа дека е втор избор од резервите (Иско е пред него)
Мислам нема да има промени во средниот ред кај Зидан ( Крос - Касемиро - Модриќ )
Крос се повампири со Зидан и конечно почна да игра како шо треба, на битниот дел од сезоната, а не да се понаша на уплашен германец.
Модриќ - нема потреба да пишувам.има уште квалитетни сезони во него
Касемиро дури ми е најсигурна опција од сите 3ца, бидејќи со него се внесе онаа стабилност у играта.и дечкото игра од срце, се гледа тоа. и ги исполнува сите барања на Зизу, и затоа ќе игра.
Иско би го ставил резерва на сите тие, во случај на повреда или одмор.
Тек овде иде Хамес..
И затоа мислам дека ќе биде продаден и ќе биде донесен на негово место играч по избор на Зизу, бидејќи се гледа дека Хамес не е негов тип играч.(у аспект на исполнување работа на терен и вклопување у филозофијата)