Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Иди плати данок и не замарај.Deluded B̶r̶e̶n̶d̶a̶n̶ Apidrone.
Peña Madridista de Macedonia
1 hr · Skopje, Republic of Macedonia ·
Натпреварот со Леванте беше уште еден показател дека тимот не функционира на потребното ниво. Според мене има неколку показатели кој говорат дека екипата не е физички добро подготвена а тоа директно влијае на тактичката поставеност и препознатливата игра која ја бараат мадридистите.
Приметливо е дека фудбалерите прават неколку допири со топка пред да ја додадат што влијае на брзината на играта а со тоа и на противникот многу побрзо да ги покрива нашите фудбалери и теренот. Додавањата се во голема мера неправилни, нема воопшто квалитетни нафрлувања во противничкиот шеснаесетник, а и оние кои ги има се подпросечни, упатени во зона а не кон фудбалер.
При нападите во завршна фаза пред противнички гол е многу мал процентот на реализирани точни асистенции од офанзивните фудбалери и крилата . Често гледаме плеткање на нашите фудбалери кога треба да се одигра за гол и неможност да се пронајдат прецизно со топка еден со друг. На вчерашниот напревар имаше контра напади каде и со 4 реалови против 2 или 3 противнички фудбалери не успеавме ни да ја дотуркаме топката во шеснаесетник и да се обидеме да постигнеме гол.
Во одбрамбената фаза сите фудбалери каснат по секунда до две во поставување и покривање на игра и противнички фудбалер. При такво доцнење се случуваат оние пропусти кои се несвојствени и за младински екипи во одбрамбената линија а и во деструкцијата на противничката игра, па се случуваат нелогични прекрошоци и картони.
Кога ова е случај со просечи екипи многу е јасно зошто имаме катастрофален учинок против сериозно спремни тимови и јасен показател што може да очекуваме во продолжение на сезоната.
Зидан на пресот после натпреварот инсистираше дека екипата е добро подготвена на физички план. Јас лично сум ништо во споредба со капацитетот на фудбалска перцепција на Зизу, но се сложувам кон изјавата на Роналдо која беше упатена токму кон оваа физичка неподготвеност на екипата. Млитавоста во движењата, откривањето, неточните додавања, млитавиот удар и центаршут, непокривањето навреме во дефанзива и позиционирањето на терен во сите 90 минути немањето игра , во ситуација кога го имаме најквалитетниот широк ростер со преталентирани млади во комбинација со искусни фудбалери неможе да биде недостаток на мотивација и залагање туку само на недоволна телесна спремност. Се работи за телесна енергетика од која произлегува и играта а и мотивацијата
Ќе завршите работа Бензема со Мората ако го змените и Роналдо со Хазард...Најдобриот ремонт што можи да се направи е да се продаде Роналдо.
Направи многу, даде максимум, донесе многу радости и доста му е ...
Ако Реал го поднесе заминувањето на Раул и Гути на пример, ова нема да е ништо во споредба со нив двата.
Би сакал во пакет да го шитнат и Бензема.
Да си го вратат Мората, Хазард за фетиш на пресиденте и Ракитич за да му кисни на каталонците.