Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
У моментов само Зизу, има добра комуникација со играчите од времето кога му беше помошник на Анчелоти и ги знае добро нивните квалитети.
Сезонава е у курац така да овие 6 месеци може да му бидат дадени за адаптација па може и да излезе нешто добро од тоа...крофната и така никој од играчите не го сваќа сериозно и е права шега у моментот.
 
Не би сакал да дојде Зидан од причина што не верувам да има некој успех,а после тоа тој ќе биде кривецот нормално и од најсакан играч ќе испадне најкритикуван затоа подобро е да дојде Мурињо кој сум сигурен дека ќе има успех барем со овај тим што го располага Реал моментално..
 
Глеаше некој вечерва кошарка? Јас гледав на еден шпански стрим и неколку пати се скандираше "Jose Mourinho" :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:

giphy.gif


ИДЕМО БРЕЕЕЕЕЕЕЕЕ :vozbud::vozbud::vozbud:

Да не се разбереме погрешно, јас сум да се врати Анчелоти, ма и Хуанде Рамос или Луксембурго нека ги вратат само да не ја гледам крофната глупа на клупа. Ако ништо друго со Мурињо барем забавно ќе ни биде сезонава која и онака е отидена у курац. :D
 
Со Мурињо ако не друго и кога беше пекол атмосфера во соблекувална,играта ни беше стопати подобра од оваа сега.Да не спомнувам дека момакот на крајот ЕлКласико со Роналдо на клупа и Мората во прв состав го почна и тепаше 2-1..
така да ДА за МУРИЊО(опет):D
 
Малку ко да подзабраевте каков хаос остае Мурињо у соблекувална. Исто забраевте дека односот со нашиот моментален капитен е ист ко оној меѓу Грујо и Заев. Роналдо ич да не го спомнуем.
Забрајте на Мурињо, не си прајте бајрам со паметот.
 
Еве го, си кажа Флорентино на Cadena Ser или како и да се вика радиото: Бенитез останува во Мадрид без оглед на се. Ваквата ситуација во Реал започнала од Јануари и затоа бил донесен Рафа, за да ги реши проблемите и дека му е потребно повеќе време. А Зидан еден ден сигурно ќе бил тренер на Реал, имал уште многу да научи...
 
Ја смирија работата со Роналдо, нели овој го покани на премиерата на филмот. Од тој анти-Мурињо клан што се создаде поради конфликтот меѓу Мурињо и Икер остана само Рамос, а кога Мурињо успеа со најголемиот егоцентрик во фудбалот да ја смири работата мислам дека без проблем би ја решиле и работата со Рамос. За доброто на клубот, секако. Да, Мурињо остави хаос во соблекувалната али којзнае каков хаос сега со Бенитез владее таму, само што речиси ништо од тоа не е излезено на виделина.

Мада сега за сега нема теорија да дојде, сега слушам и интервју со Перез на Кадена Сер, каде што вели дека Бенитез нема да биде заменет со Зидан ниту пак со некој друг тренер. Исто кажа и дека Бенитез бил решението а не проблемот. :icon_lol::icon_lol::icon_lol: За Мурињо рече дека не знаеме што може иднината да ни донесе, имаат убави спомени со него но сега за сега размислуваат само за Бенитез.
 
Од постојаниве изјаве "Бенитез е вистинскиот тренер за Реал Мадрид" можеш да закључиш колку уствари стариов кретен има поим од фудбал. КРЕТЕН!
 
Рамос никад не ни бил многу антиМурињо, само ја одбра страната на Касиљас.

И ја би го вратил. Не пред Карло и назначување на Зидан. Али ако овие двајца не биднат, Мурињо е најдобрата опција.

А и некако сум на мисла дека ако иде пак во јак клуб, тоа ќе се Реал или Јунајтед. Едино можда и некој ЛШ underdog а неприкосновен во својата лига. Пример ко Порто, Зенит... Вардар...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom