Среда е испитот!
Она што ни се случи вчера беше жално. Толку многу шанси и сепак без победа. Како дежа ву на ланската утакмица, каде повторно Валенсија најверојатно ни ја зема можната титула. Со истиот резултат.
Екипата се трудеше,но ете не доволно. Разочаран сум тотално од Роналдо, кој едноставно мораше да даде гол од пеналот. Џабе му се оние голови кога водиме 7:0, кога во најкритичните моменти и големи утакмици потфрла. Знам дека ќе ме нападните, но што е така, така е. Сношти да го погодеше пеналот и тимот да заминеше на пауза со 1:2, победата ќе беше наша. Истото го стори и против Баерн во 1/2 финале кога игравме на пенали. Се чудам како некој не го посоветува дека еднаш, само еднаш мора да ја смени страната на шутирање! Цел живот на таа една иста страна, АМАН! И бабами знај кај ќе шутира.
Друго, за Бејл мислам дека Среда е последната шанса. Ќе се покажи дали е Мадрид материјал, или пак ќе ја заврши кариерата тука, и така е со една нога надвор од Бернабеу.
Од фановите ќе има свирежи доколку отпадниме, Карло ќе е избркан 100%, според видеото кое го ставив погоре, Касиљас е незадоволен, а исто такво видео имаме видено и за Роналдо, кој исто така доби свирежи. Едноставно ќе се случи она што ќе се случеше лани доколку Рамос не го дадеше 93:48. Истото, 1 година подоцна. Или пак ќе се радуваме како никогаш досега на шанса за освојување на 11тата!
Среда е ИСПИТОТ кој МОРА да го положиме, и да покажеме кој е кој !
HALA MADRID Y NADA MAS !!