Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Па кој к*р му го поништија бе што ако добие жолт во сабота и против малага која е сметам за една од незгодните екипи во ла лига и тогаш да го немаме кр?
 
Сака да игра дечкото..сака да дава голови...тоа е тој менталитет што го има САМО тој,и затоа е најдобар..свака му част..
Верувам дека 90% од таа одлука за да праќаат жалба лежи во самиот ЦР..ако беше до тренерот,мислам дека ќе го одмараше..
Значи свака част за човекот..дава 5 голови,и ко луд трча,сака уште...сега и со тоа...
 
Нека си оди детето,инаку нема иднина со оваа гарнитира..
И нека стане еден од топ5 играчи во светот,па после Перез/Карло да умираат од мака,или да треба да кешира 90мил+..ебати деблите шо се..

Јасно е дека Хесе не е во формата што беше од кога се повреди,аама па како ќе се врати,од загревање ли само?[DOUBLEPOST=1428702629][/DOUBLEPOST]и плус тоа што не го игра,не го игра,ама ова е понижување човече...3ти пат му го прави..прво со 10те секунди,потоа пак се загреваше ,а сега дебилот му ветил второ полувреме,и не го ни погледена,го пушти незагреаниот Чикарито-КОЈ НЕ Е НАШ ИГРАЧ АЛООО,ебати дегените ебати...
срамота голема
 
Уште денес ако не игра Хесе покрај толку отсутни, дефинитивно заминува.
 
Само во Реал го има овој феномен, туѓите играчи да се почитуваат повеќе од тие од школата.
 
Само во Реал го има овој феномен, туѓите играчи да се почитуваат повеќе од тие од школата.
И тоа баш "туѓите", играчи кои се на позајмица и за кои се знае дека на крај од сезоната ќе заминат.
 
Никој веќе не ги испрашува 80-те милиони дадени за Златното Момче - Хамес вреди секој цент платен за него !!

Чисто злато. Вака го карактеризира Хамес Марка во денешното издание. 13 голови и 12 асистенции во досегашниот тек од сезоната. Со оценка чиста 10-ка за новата 10-ка на Реал Мадрид. Регистри кои ќе беа и многу подобри, ако колумбиецот не беше 2 месеци надвор од терените поради скршеница на прстот на ногата. Но, благодетите од играта на Хамес се многу поголеми од само статистичките бројки кои ги има. Неговите игри на Бернабеу придонесоа веќе во голема мера да биде надмината цената од 80 милиони евра, платена за него минатото лето.

Колумбиецот стигна во Мадрид после одличниот Мундијал практично речиси без никакво размислување, на прв поглед. Со парите добиени од Ди Мариа клубот го ангажираше младиот вундеркид кој ги освои срцата на фановите во Бразил. Бисерот на Монако беше Златна Копачна и најдобар играч на Мундијал, по што Директивата на Реал брзо реагираше за да го донесе на Бернабеу. 80 "килограми" и дрес со бројот 10. Мадрид вложи се во своето ново златно момче. Почести на галактикос. Машината од Чамартин се помери во ритмот на една медиатска суперѕвезда, без играчот да го слушне своето име на теренот. Така и се случи.

Анчелоти му даде одговорност уште од самиот почеток, а играчот возврати во голем стил. Се претвори во клучна алка на екипата, а неговото враќање после 2 месеци пауза само го потврди тоа. Ја покажа својата класа против Гранада, а беше убедливо најдобар играч на теренот против Рајо. Постигна гол и две асистенции, го врати Иско на клупата и на тој начин покажа дека е незаменлив во екипата, пред се за големите натпревари во следниот период. 10-ката има директна инфлуенца во траекторијата на екипата. Со него на терен, Реал победи во 19-те од 22-та натпревари во Ла Лига. Без него, на 8 натпревари, балансот беше само 4 победи, 3 порази и 1 реми. 86 % победи со Хамес на теренот во Ла Лига, само 50 % без него. Или 80 % победи со Хамес на теренот во сите натпреварувања сезонава, а само 58 % победи без него на теренот.

Бројки кои го сместуваат Хамес на местото број 1 од најдобрите 10-ки на Реал Мадрид во последната декада. Не само поради бројот на дресот, туку и поради неговата позиција на теренот. На голгетерско ниво, Хамес ги надмина веќе Иско, Озил, Кака, Робињо и компанијата, со уште незавршена прва сезона. Исто така и легендата Зидан, кој имаше 12 голови во својата прва сезона на Бернабеу, а колумбиецот веќе има 13.

Покрај головите, асистенциите играат клучна улога во неговата игра. Фундаментален играч во офанзивниот баланс. Особено одлично се разбира со Кристијано Роналдо, кој во Родригез го пронајде својот нов сојузник за да ги зголеми голгетерските достигнувања. Во сето тоа инфлуираат и акциите со уфрлените топки, за што Хамес е специјалист. Од неговата левица произлегле многу корнери и уфрлени прекини од левата страна на главата на соиграчите, пред се на КР7. Со вкупна бројка од 25 голови и асистенции на 35 натпревари во првата сезона, Хамес е апсолутно број 1 од сите 10-ки на Мадрид во последните 10 години во првата сезона. Ниту еден немал подобар просек на голови и асистенции заедно при толку натпревари во првата година.

Сето ова помогна за уште поголема експлоатација на карактеристиките кои беа водечка улога за Мадрид да вложи брутална сума за него минатото лето - медиатското покритие. За Хамес се "колат" големите маркетиншки компании и тој веќе е икона за Адидас. Неговата харизма се соединува со приходите на Реал Мадрид, а клубот трие раце од приходите од колумбиецот. Тој постави нови рекорди кога се во прашање продадените дресови и ги урна апсолутно сите рекорди во продажбите на Реал Мадрид. Ниту еден играч не продал ни приближно толку дресови и спортска опрема како Хамес во првата сезона. Новото златно момче на Реал брилира во својата прва сезона. Неговото триумфално враќање по повредата само потврди дека на Бернабеу постои "ефектот Хамес". 10-ката е неверојатна !!
 
Екскурзијата може да почне!
[DOUBLEPOST=1428756954][/DOUBLEPOST]Еве ви го Хесе ебате плачковците
CCT_rM1W8AEm7yE.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Ете што се случува кога Дани ќе купи некој играч на Фантази (Бензема).
Изгледа ќе ја загубам наградата во последните кола :(

Тогаш, го седнаа на клупа...


Колово го купив, пак е на клупа.
Кого сакате наредно коло на клупа да го седнат ? (Бејл веќе го имам, нема да фати магијата) :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom