И ПОКРАЈ СИТЕ ПРОБЛЕМИ АНЧЕЛОТИ Е ОПТИМИСТ И НАЈАВУВА ПОБЕДА
Анчелоти е професор по фудбал , тој е мудар , искусен ... има план како ќе ја игра новата партија шах со Чоло.
Атлетико е ставен пред свршен чин , 7 бода зад лидерот е огромна разлика во Ла Лига. Атлетико мора да победи , мора да победи ако сака да остане во шампионската трка , нема друг избор , се освен победа ќе значи будење од сонот за одбрана на титулата. Анчелоти тоа добро го знае , и планира да го искористи. По долго време Атлетико и Реал си ги заменија улогите во еден натпревар, ако на предходните натпревари без разлика дали беа двомечи , финалиња или натпревари од Ла Лига Реал беше тој кој секогаш играше со товарот на фаворит сега е обратно. Атлетико е тимот на кој победата му e повеќе потребна, Атлетико е неформален фаворит на натпреварот и заради некои други околности како што е проблемот со повредите на Реал и лошата серија на последните натпревари против Атлетико , тоа е товар со кој јорганџиите ќе настапат утре а кој Анчелоти планира да го искористи.
Доволно беше околу психолошката војна , да кажеме збор два и за она што не очекува на теренот. Во предходните натпревари Реал Мадрид од прва минута започнуваше со притисок кон голот на Атлети , со желба и визија во раната фаза на натпреварот да се створи предност а потоа кога Атлетико ќе мора да се отвори се ќе биде полесно. Сведоци бевме дека тој начин на игра имаше контра ефект, многу често Реал Мадрид примаше прв гол во првите минути и натпреварот одеше во друга насока. Имаше и еден друг тек на натпреварите , како одминуваше времето белите беа се понервозни на теренот , Атлети ја играа нивната првокаторска игра и ја чекаа својата шанса да зададат срмтоносен удар , односно да постигнат гол од прекин или контра напад.
Реал Мадрид утре ќе игра на еден друг начин , четата на Анчелоти има свои задачи за утре. Не смее да се тргне безглаво по гол од прва минута , голот им е потребен повеќе на противниците , не смее да се прима гол во раната фаза на натпреварот , не смее прв да се прима гол.
Ако Реал Мадрид ѓи исполни овие задачи на утрешниот натпревар победата е неминовна. Анчелоти знае дека Атлетико мора да победи , како ќе минува времето на натпреварот четата на Чоло ќе биде се по нервозна , ќе мора да тргне со сите сили кон противничлиот гол а тоа периодот кој Анчелоти го посакува. Tој го има најдобриот контра напад во фудбалскиот свет , тоа е артилеријата која ќе го уништи Атлетико.
Ако Реал постигне прв гол во раната фаза на натпреварот без разлика дали тоа би било од контра напад , прекин или пак некое индивидуално шоу на фудбалските мајстори во белиот дрес е дури тогаш ќе започнат големите проблеми за Атлетико.
Колку порано Реал го отвори резултатот толку поголеми ќе бидат проблемите на Атлетико и Чоло.
Чоло секогаш одеше со тезата дека нема што да загубат , утре Атлети имаат многу што да загубат , ајде Чоло утре играјте фудбал.