Интересна работа читам една од изјавите на Роналдо, дека од кога бил он тука, никогаш немале Реал некое судење со наклоност кон нас во Класикава. Јас како што памтам многу поодамна од тоа кога Роналдо почна да игра за Реал, секогаш Барселона била таа која добивала дискутабилни пресуди во нивна корист. Далеку од тоа дека се така им се освоени титулите или дека се на тој начин стигаат до победи во дерби натпревариве, ама што е многу , многу е.
Може да барате грешки и киксови кај Карло, ама факт е дека до дискутабилниот црвен картон, Реал водеше 3-2. Факт е тоа дека Барса се повеќе ќе се отвараше што за возовите од типот на Роналдо и Бејл, ќе беше права милина. 3-те зицера на Бензема? Пак Карло крив? Па добро бе луѓе, пак ова е Барселона, не е Хоризонт Турново па да правиш ти 20 100% шанси на еден натпревар.
Зошто не судеше пенал прво за Реал при слободниот на Роналдо. Му ја истресе раката на Пике па после го погоди Фабрегас. За истата ситуација на другата страна свиреше слободен удар за Барселона. Пеналот на Роналдо? Па јас како што разбрав скоро, од натпреварот Манчестер Сити - Барселона , фаул ако почне надвор од шеснаесетник а да заврши во шеснаесетник е пенал, не?!
Како сега од еднаш читам и наши членови тука "3-те непостаечки пенали" ... Јас само 2 видов.
И судијата очигледно виде фаул над Роналдо, зошто Дани Алвес не доби бар жолт? Беше одлична шанса на Роналдо да избие сам пред гол.
С. Рамос е ноторна будала. Се согласува. Ама она немаше врска од фаул, а уште помалце и од црвен картон, со што ја еба цела концепција на Реал. Како и да е, за една работа сум сигурен.
Ако на Нејмар ова му е најголем дострел во кариерата, броени му се деновите во Барселона на него.Која мивка од играч е. Страва.
Пеналот над Иниеста. Што да се каже. Таков фаул не се суди ни надвор од 16-ник, а не пенал во 85-та минута.
Се надевам дека овој судија ќе добие заслужена суспензија по ова фијаско. Не дека со тоа ќе ни се вратат бодовите, ама ваков делител на правда може да предизвика тешки пиздарии во наредните натпревари за било кој друг тим.
И малце самокритичност. За Реал и Карло, не можам да им простам што останаа тотално без одговор одкога го исклучија Рамос. Мислам , ок, Барселона е. Ама не иде па до толку да се затвориш и никаква концепција да немаш. Може се идеше на нерешено, ама сепак , што знам , требаше подруг пристап да се има.
Како и да е, влегуваме во најинтересната завршница во последниве десетина години!